3 брзи начини за подготовка на јајца во микробранова печка

Постојано сте во брзање? Немате многу време за подготовка на појадок? Прочитајте ги трите брзи начини за подготовка на јајца во микробранова печка. Можеби досега микробрановата печка сте ја користеле за греење и одмрзнување на храна, но сега ќе може да направите и вкусен појадок. Кајгана, поширани или јајца на око!

Овие совети сигурно ќе им бидат од голема на корист на сите кои немат многу време да готват или не се снаоѓаат баш најдобро во кујната. Па така, студентите и младите мајки со мали деца сигурно ќе ни бидат благодарни.

јајца во микробранова печка

Направете кајгана во микробранова печка

Во чинија изматете ги јајцата и додајте малку сол по вкус. Садот кој е наменет за употреба во микробранова печка премачкајте го со малку масло, а потоа додајте ги и изматените јајца. Садот ставете го во микробранова печка и печете на највисока температура за време од 1 минута. Потоа, извадете го садот, промешајте ги јајцата и печете дополнителни 30 секунди. Крајниот резултат ќе ве воодушеви!

Јајца на око припремени во микробранова печка

Најпрво ставете ја чинијата во микробрановата печка да се загрее 2 минути на умерена температура. Потоа, внимателно извадете ја и премачкајте ја со малку путер. Јајцата скршете ги директно во чинијата. Задолжително, дупнете ги жолчките со врвот од ножот бидејќи може да „експлодираат“ при печењето. Јајцата печете ги за време од 45 секунди на највисока температура. Потоа, проверете дали добро се испекла белката и по потреба печете дополнителни 15 секунди.

Поширани јајца приготвени во микробранова печка

Во сад со вода скршете ги јајцата, па поклопете ги со чинија. Ставете ги во микробрановата печка и печете околу 60 секунди. Потоа проверете дали белката е добро печена и по потреба печете ги дополнителни 15 до 20 секунди. За совршено поширани јајца, белката треба да е добро варена, додека жолчката треба да е течна. Извадете ги јајцата од водата со помош на решеткаста лажица и послужете ги. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 3 рецепти за главно јадење со варени јајца.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: