Дали знаете некој кој преку целата зима има затнат нос? Дали тоа сте вие? Понекогаш изгледа дека зимските месеци и затнатиот нос одат во пар. Спротивно на ова мислење, ладното време само по себе не предизвикува затнат нос – но условите кои доаѓаат со ладното време често се причинители на таа појава. Во продолжение дознајте ги причините кои доведуваат до затнат нос во зима и што може да направите во врска со тоа.
Кога мембраните во внатрешноста на слузницата на носот ќе отечат, тоа доведува до потешкотии во дишењето. Понекогаш, заедно со затнатиот нос е придружен и зголемен секрет.

Затнатоста најчесто настанува при настинки, но постојат и други причини кои доведуваат до оваа појава. Некои од нив се:
- изложеност на иританси
- алергии, особено од прашина и габички
- инфекции на синусите, кои предизвикуваат воспаление и отеченост.
Која од овие состојби може да биде причината за вашиот проблем? – Тоа зависи од другите симптоми. Доколку страдате од алергии, може да често да кивате, очите да ве чешаат или солзат. Кога станува збор за настинка, може да имате црвено грло и кашлица и да се чувствувате омалаксани. А кога во прашање е инфекција на синусите, се јавува болка и притисок во пределот на лицето, покачена телесна температура, зголемен секрет од носот и губење на чувството на мирис.
Затнат нос за време на зимскиот период
Затнатиот нос во зима е резултат од почестите настинки и повеќето активни алергени во ладните месеци. Во овој период луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории, што значи поголема изложеност на прашина, алергии и бактерии кои се предизвикувачи на настинки.
Што може да ви помогне?
Доколку верувате во моќта на алтернативната медицина и сакате да ја надминете состојбата со помош на природни намирници, еве неколку мерки кои може да ги преземете.
Спрејови на база на морска вода
На пазарот може да се најдат спрејови на база на морска вода, па може да ги користите 3 до 4 денови.
OralBiotic – прв орален пробиотик
Она што можеме да го препорачаме со цел превенција и подобрување на состојбата при затнат нос е Oral Biotic. Тоа е здраво, природно и делотворно решение. OralBiotic-от е 100 пати поефикасен од традиционалните антисептички пастили за лижење. Претставува природен пробиотик за заштита на ушите, носот и грлото. Ја зголемува отпорноста кон инфекциите со одржување на природна бактериска рамнотежа. Претставува единствен и комплетно нов концепт во исхраната кој содржи напреден пробиотик BLIS K12, за поддршка на здравјето и рамнотежата на микрофлората во устата, грлото и средното уво. BLIS K12 е природна добра бактерија која се наоѓа во устата и грлото и напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекции на увото и горните дишни патишта, што е особено важно за децата. Со своето ензимско делување OralBiotic ги спречува лошите бактерии и го штити организмот од инфекции, па е идеално природно средство за превенција на лицата кои работат и престојуваат во простории со многу луѓе.

Повеќе за OralBiotic може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за подетален одговор.
Совет плус: Ако носот ви е затнат повеќе од месец дена и покрај тоа што земате соодветна медицинска терапија, или имате симптоми како болка, притисок или температура, ве советуваме да посетите лекар, затоа што тоа може да биде знак за инфекција на синусите.
Ви предлагаме да прочитате: Победете ги болките во грлото и заштитете се од настинки со 10 природни намирници.
*Комерцијален текст