Вкусни, здрави, богати со витамини и минерали! Вака можеме да ги опишеме печурките кои се исклучително хранлива намирница. Тие се користат како храна и лек илјадници години наназад. Изобилуваат со корисни состојки за организмот, па препорачуваме често да се најдат на вашето мени. А дали знаете како правилно да изберете свежи и маринирани печурки, како да ги чувате за да го зачувате нивниот квалитет? И што е најважно, ви откриваме и неколку важни совети за подготовка на печурките, со кои ќе станете вистински експерт за вкусни јадења!
Многу нутриционисти сметаат дека печурките се корисна храна од која може да се добијат различни лекови кои би биле ефикасни при одредени здравствени проблеми. Најновите истражувања го потенцираат нивното анти-воспалително дејство, позитивното влијание за зајакнување на имунитетот, како и антиканцерогените својства. Тие се едни од најздравите продукти во исхраната на човекот и се препорачува на домашното мени да се најдат барем три пати во неделата.

Интересни факти за печурките
Штом се зборува за печурките, важно е да знаете неколку интересни факти. На планетава има околу 140.000 видови различни врсти на печурки, но науката е запознаена само со еден мал нивен процент. Благодарение на печурките, откриен е и пеницилиумот. Заедничко за сите печурки е тоа што тие го зајакнуваат нашиот имунитет, иако, во најголема мера тоа важи само за органски одгледаните печурки.
Што треба да знаете при изборот на печурките?
При купувањето на свежи печурки, изберете ги оние кои што се цврсти и мазни. Влагата е непријател на печурките. Затоа при набавката на шампињони изберете ги оние кои се суви, но внимавајте да не бидат исушени и груби. Од нашето искуство, како квалитетни печурки можеме да ги препорачаме шампињоните на Бонум. Истите се достапни свежи и марнинирани. Свежите шампињони имаат убава бела боја, цврсти се и мазни. А секогаш останувале во исправна состојба до рокот кој е наведен на пакувањето.
Покрај свежите печурки, често ги користиме и маринираните печурки на Бонум. Најважно ни е тоа што се 100% и не содржат конзерванси. Имаат поголема трајност во споредба со свежите печурки, па затоа е добро секогаш да ви бидат при рака.
Чување на свежите печурки
Свежите печурки може да се чуваат една недела во фрижидер. Доколку ги чувате цели, наместо исечкани на парчиња, истите може да траат подолго. Веднаш по купувањето извадете ги од пластичната кутија и ставете ги во хартиена ќеса. На тој начин ќе ги одржувате подолго време без влага, со што можноста од мувлосување ќе ја сведите на минимум.
Подготовка на печурките
Никогаш немојте да ги потопувате или оставате печурките во вода подолго време. За да ги исчистите, внимателно избришете ги со влажна крпа или брзо потопете ги под млаз вода и оставете ги да се исушат.
Приготвување на печурките и избор на најдобрите рецепти
Шампињоните се најчестиот тип на печурки кои се консумираат и свежи, но сепак со подготовка на печурките се збогатува нивниот вкус, а аромата е уште поубава. Доколку ги приготвувате со динстање, важно е температурата да биде ниска, за да може да се сочува вкусот и структурата на печурките. Нивниот неутрален вкус ги прави храна која е идеална во секое јадење. Уживајте во вкусот на печурките како додаток на пица, со ориз или пак јадења со киноа. Свежите шампињони од Бонум може да ги додадете во салата, а може да се користат како одлична замена за месо во сендвичи и тако.
Ви треба инспирација за приготвување? Еве кои се најдобрите 5 рецепти од sezahrana.mk:
- Вегетаријанска протеинска салата со печурки, просо и јајце
- Домашна крем супа од печурки и бело вино
- Италијански рецепт за рижото со печурки и бело вино
- Пилешка салата со печурки и кисели краставички
- Ирски намаз од сирење и печурки.
Ви предлагаме да прочитате: 5 здравствени придобивки од печурките за кои не сте знаеле.