Вегетаријанска протеинска салата со печурки, просо и јајце

Имаме нов рецепт за вегетаријанска протеинска салата со печурки, просо и јајце, која може да ја послужите и како оброк за ручек или пак вечера.

Приготвена во нашата кујна со едноставни и лесно достапни состојки. Сигурни сме дека ќе ви се допадне, па во првата прилика ви препорачуваме да ја направите и дегустирате. Од наведените состојки ќе добиете една поголема чинија со салата, па по желба состојките може да ги зголемите. Уживајте во вашиот здрав оброк!

протеинска салата со просо

Состојки:

  • 1 ½ чаша сечкана марула
  • 2 лажици маринирани сечкани печурки
  • 1 лажица маслиново масло
  • ½ чаша варено просо
  • 1 варено јајце
  • 1 домат
  • рендан кашкавал по желба
  • рендан пармезан по желба
  • оригано по вкус.

За сос:

  • 1 лажица кисела павлака
  • свежо цеден сок од лимон
  • хималајска сол
  • црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Марулката ставете ја во мал длабок сад. Во садот додајте ја киселата павлака, малку свежо цеден сок од лимон, посолете и зачинете со мелен црн пипер по вкус. Измешајте ја салатата.
  2. Во нелеплива тава на оган, на умерената температура ставете малку маслиново масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги исцедените маринирани печурки. Пропржете ги околу една до две минути.
  3. Во чинија за сервирање ставете ја марулката, додајте го вареното и изладено просо. Врз просото ставете ги пропржените печурки.
  4. Јајцето излупете го и исечете го на четвртинки.
  5. Доматот исечете го на половина, а потоа половините пресечете ги на уште неколку делови.
  6. Во чинијата со салатата додајте ги сечканото јајце и доматот. На крај ставете рендан кашкавал и поросете со пармезан и оригано.
  7. Готовата протеинска салата со печурки, просо и јајце послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Свежа салата со печурки и чија семе.

Сподели: