Јаболкова киселина – храна и лек за 27 болести

Најверојатно и вие во кујната имате шише со јаболкава киселина. Таа е вкусен додаток на салати и маринади, но исто така е супер храна која е одлична за здравјето.

Јаболковата киселина како народен лек се користи за лекување на секакви болести, од грип до брадавици. Многу од нејзините придобивки се уште не се докажани, но некои експерти мислат дека консумирањето на мала количина од јаболковата киселина може да ви го подобри здравјето.

Јаболковата киселина се прави со дробење на јаболката и цедење на течноста која се добива. Во понатамошниот процес во јаболковиот сок се додаваат одредени бактерии и квасец. Целта на тоа е постигнување на процес на алкохолна ферментација и претворање на шеќерите во алкохол. Во втората фаза оваа алкохолна ферментација предизвикува трансформација во киселина под дејство на ацетобактер, бактерија која и дава киселкав вкус на јаболковата киселина.

Јаболковата киселина помага за намалување на телесната тежина

Дали сте слушнале дека јаболковата киселина може да ви помогне при слабеење? Една студија направена во Јапонија, ја потврди ефикасноста на јаболковата киселина за намалување на телесната тежина кај 175 дебели лица. Истражувањето беше направено во период од 12 недели и на крајот е утврдено дека лицата кои консумирале јаболкова киселина, во просек загубиле по 1 кг. Но, за успешно да ги намалите килограмите, важно е да внимавате на изборот и количината на храна која ја консумирате, а исто така и редовно да вежбате.

јаболкова киселина

Ако имате покачено ниво на шеќер во крвта, салатите редовно зачинувајте ги со јаболкова киселина

Можеби нема да загубите голем број на килограми, но јаболковата киселина може да ви помогне при дијабетес и контрола на нивото на шеќер во крвта.

Докторката Карол Џонсон, повеќе од 10 години ги проучувала ефектите од консумацијата на јаболкова киселина и нејзиното влијание врз нивото на шеќер во крвта. Таа утврдила дека јаболковата киселина има сличен ефект како и некои лекови кои се користат при дијабетес.

Покрај намалувањето на телесната тежина и регулацијата на нивото на шеќер во крвта, во народот јаболковата киселина се користи при лекување на повеќе состојки како:

  • Акни
  • Киселински дисбаланс
  • Алергии
  • Артритис
  • Рак
  • Кандида
  • Хроничен замор
  • Треска
  • Првут
  • Проблеми со дигестивен систем
  • Непријатна миризба на стапалата
  • Габични инфекции
  • Гихт
  • Нега на коса
  • Висок холестерол
  • Хипертензија (висок крвен притисок)
  • Убод од инсект
  • Прочистување на бубрезите
  • Синусна инфекција
  • Воспалено грло
  • Вкочанети зглобови
  • Изгореници
  • Попуштени вени
  • Брадавици
  • Главоболка

Сподели: