Јадењето на брзина влијае лошо на варењето на храната 1

Јадењето на брзина влијае лошо на варењето на храната

Можеби сте слушнале, или уште подобро можеби применувате некоја од овие препораки. Има повеќе причини поради кои јадењето на брзина влијае лошо на варењето на храната. Дознајте повеќе, зошто не треба да го правите тоа.

Испрекинато или пребрзо консумирање на храна може да резултира со земање на многу поголема количина на храна, отколку навистина што ви е потребно.  Ако не издвоите време за оброк, убаво да седнете за да јадете и да се фокусирате на оброкот, тоа може да се одрази на системот кој го контролира апетитот.

По дваесет минути џвакање на храната, тенкото црево почнува да лачи хормони кои му сигнализираат на мозокот дека желудникот е полн. Што значи, за да почувствуваме дека сме сити, потребно е да јадеме бавно.

Јадењето на брзина влијае лошо на варењето на храната 2

На кој начин јадењето на брзина влијае на варењето на храната?

Земањето на храната во брзање може да го снижи нивото на желудочна  киселина во желудникот. Тоа го успорува процесот на варење и може да биде причина за храната да стигне до цревата делимично сварена. Поради тоа можете да почувствувате болки и надуеност во стомакот. За да го избегнете тоа, потребно е да издвоите доволно време за секој залак и добро да проџвакате.

Зошто јадењето на брзина е лошо на за оние кои се обидуваат да ослабат?

Кога јадете попушта и вашата самоконтрола. Висококалоричните намирници се богати со прости јаглени хидрати. Тие пак, предизвикуваат осцилации на нивоата на глукоза во крвта, како и нејзин нагли пад, а поради тоа можете многу брзо да почувствувате умор и глад.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставни совети за подобро здравје.

Сподели: