Јогуртот го снижува крвниот притисок и го чува здравјето 1

Јогуртот го снижува крвниот притисок и го чува здравјето

Ако имате макар и мал проблем со покачен крвен притисок, има едно природно решение кое може да помогне, а тоа е да ја збогатите вашата исхрана со јогурт. Искористете ја секоја можност да го вклучите во исхраната, јогуртот го снижува крвниот притисок и го чува здравјето!

Жените кои пијат пет или повеќе чаши јогурт неделно, имаат помал ризик да заболат од висок крвен притисок, покажуваат новите истражувања. Јогуртот изобилува со калциум и добри бактерии кои ја урамнотежуваат секојдневната исхрана, ги зајакнува коските, но и ги елиминира стресот и депресијата. Освен тоа, овој млечен производ кој е неизоставен дел од појадокот, влијае на имунитетот, здравјето на срцето и на забите.

Јогуртот го снижува крвниот притисок и го чува здравјето 2

Еве што покажуваат истражувањата

Едно истражување кое вклучувало илјада луѓе, открило дека испитаниците кои редовно консумирале јогурт имале намален ризик од висок крвен притисок за 1/5 повеќе, споредено со испитаниците кои не консумирале јогурт или пиеле еднаш месечно. Позитивниот ефект е посебно изразен кај жените, затоа што мажите пијат јогурт помалку, објаснуваат експертите. Максимално позитивен ефект на крвниот притисок, бил забележан кај лицата кои редовно пиеле јогурт и исхраната ја комбинирале со многу зеленчук, овошје, јаткасти плодови и мешунки.

Така, истражувачите потврдиле дека ризикот од покачен крвен притисок може да се намали до 31%. Но, за тоа се потребни барем 170 мл јогурт на ден и повторно во комбинација со доволни количини на свежо овошје и зеленчук во исхраната. Оваа студија покажала дека млечните производи, а посебно јогуртот, можат значајно да го намалат ризикот од висок крвен притисок. Во врска со ова, во образложението на научниците истакнат е фактот што јогуртот содржи големи количини калциум и протеини. Тие се потребни за правилно и непречено функционирање на организмот, со што благотворно влијае на притисокот и на работата на надбубрежните жлезди. Лицата кои секојдневно консумираат јогурт во период од 15 години, имаат до 31% помал ризик од добивање на висок крвен притисок.

Покрај тоа, редовната консумација на јогурт помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта, а го намалува и ублажува ризикот од остеопороза. Дневна препорачлива доза е околу 200 мл јогурт дневно, а уште подобро е ако изберете нискомаслен јогурт. Како здрава и вкусна алтернатива за крвниот притисок, а и за целиот организам, радо можеме да го препорачаме функционалниот Здравје+ јогурт кој има само 1% млечна маст и заедно со редовна физичка активност придонесува во превенција на срцевите заболувања.

Ви препорачуваме да прочитате: Стоп за стареењето! Изберете храна која го продолжува животот.

Сподели: