Секој ден го започнуваш со јогурт или кисело млеко? Те освежуваат и ти даваат енергија? – Се сметаат за супер храна и тоа со право! Идеални се за појадок или вечера, а совршено се вклопуваат во различните сосови за салати. Неодамна на подарок добивме кисело млечни производи од Млекара Тетово, а тоа ни беше мотивација за нашето ново истражување. Јогуртот и киселото млеко, претставуваат балансиран извор на протеини, масти, јаглени хидрати, витамини и минерали. Благодарение на тоа нудат бројни придобивки за здравјето, а еве што велат најновите истражувања на оваа тема!
Јогуртот е најчесто консумираниот млечен продукт во светски рамки. Се верува дека ферментирањето на млечните производи датира од пред околу 6000 години, од централна Азија, како начин да се зачува и искористи млекото. Историските податоци покажуваат дека за кратко време, јогуртот бил многу посакуван и користен и во Индија, Персија и Турција.

Придобивки од консумацијата на јогурт и кисело млеко
Вкусни, кремасти и хранливи! Вака можеме да ги опишеме кисело млечните производи од Млекара Тетово, кои се добар извор на:
- калциум
- магнезиум
- калиум
- витамин Д
- витамин К2
- ензими и пробиотици.
Консумацијата на јогурт и кисело млеко е корисна за одржување на баланс на бактериите во цревата, за подобро функционирање на желудникот, намалување на воспаленијата, па дури и анксиозноста и депресијата, велат последните истражувања. Покрај тоа, го подобрува имунолошкиот систем, здравјето на срцето и го зголемува согорувањето на мастите. Благодетите од јогурт и киселото млеко за целокупното здравје се добредојдени, па затоа вклучете ги во исхраната што е можно почесто.
Што велат истражувањата за јогуртот и киселото млеко?
Во истражувачка студија, објавена во Nutrition Research, во која учествувале 6526 лица, било потврдено дека консумацијата на јогурт е директно поврзана со целокупното подобро здравје, подобар метаболитички профил, крвен притисок и триглицериди. Освен тоа, било потврдено дека јогуртот ги задоволува потребите за многу хранливи материи, затоа што е одличен извор на калциум, калиум, магнезиум, цинк, како и витамините Б2 и Б12.
Совет плус:
Ако сѐ уште ги немате пробано кисело млечните производи на Млекара Тетово, сега е правиот момент за дегустација! Ќе ве разладат во топлите денови и ќе ви дадат енергија за цел ден. Може да ги најдете во поголемите маркети низ земјата и да изберете:
- Кораб и шарпланински природен јогурт во различна амбалажа од 0.18, 0.5, 1 и 1.5 литар
- Фамилијарен јогурт во пакување од 1.5 литар
- Кораб краво кисело млеко од 450 г.

Автор на текст и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.