Супер предлог од кујната на Кате! Ни даде одлична идеја како да направиме промена во секојдневното мени. Ајде да ги пробаме нејзините вкусни ќофтиња од наут и пармезан!
Радост е да се ужива во нови јадења, нели? Еве го рецептот.
Состојки:
- 400 гр наут од конзерва
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 сува пиперка
- 3 полни лажици пармезан
- 1/2 лажичка куркума
- неколку ливчиња магдонос
- сол, црн пипер, масло по потреба .
Подготовка:
- Наутот исцедете го од течноста и изблендирајте го.
- Префрлете го во сад, па додајте ги пармезанот, ренданиот кромид, ситно сечканиот лук, сечканата сува пиперка, сечканиот магдонос, куркумата, малку сол (внимавајте со солта бидејќи пармезанот е солен) и црн пипер. Убаво измешајте ги состојките.
- Со рака земајте од смесата и обликувајте ќофтиња.
- Пржете ги во загреано масло на средна температура.
- Испржените ќофтиња извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија и послужете ги со свежа салата.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Запечен карфиол со ќофтиња и кашкавал.