Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашите домови е џем од црни сливи. За негова подготовка најдобро е да се користат црни сливи кои се зрели и меки. Ние денес ви претставуваме еден малку поинаков рецепт за џем од црни сливи со чоколадо приготвен во рерна, а многу вкусен за целото семејство.
Вистинско сензорно уживање за сите сетила! Кој може да одолее на ароматичен џем од сливи со мирисна нота на чоколадо? – Ова е рецепт кој секако ќе ги израдува страсните обожаватели на чоколадо, но и сите останати. Иако е малку несекојдневен и различен од традиционалните џемови кои се подготвуваат кај нас, подеднакво е добар и вкусен, па несомнено вреди да се проба.
Состојки:
- 3 кг црни сливи
- 1 кг шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 100 грама Синтагма какао крем за торти (чоколадо за готвење)
- цимет од Витаминка.
Подготовка:
- Сливите измијте ги, пресечете ги на половина и отстранете им ги семките.
- Во длабока тава ставете ги сливите, шеќерот и ванилиниот шеќер, и измешајте ги. Притоа, внимавајте тавата да не биде преполна, бидејќи при вриењето џемот може да ја испрска рерната.
- Тавата поклопете ја со капак и ставете ја во загреана рерна на 200 степени. Џемот печете го за време од 30 минути, а потоа извадете го капакот и измешајте ги сливите.
- Продолжете со печењето, но без капак за време од 2 часа со повремено мешање.
- Кога џемот ќе се згусне додајте го циметот, измешајте малку и печете уште 10 минути. На крај во топлиот џем додајте го синтагама чоколадото и измешајте.
- Готовиот џем ставете го во топли стерилизирани тегли. Теглите затворете ги со капак, па ставете ги во загреана рерна на 50-100 степени најмалку 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите неколку часа за да се изладат. Готовиот џем складирајте го со останатата зимница. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Совет плус: Количината на шеќер може да ја намалите во зависност од степенот на блажина на сливите или по желба.
Ви препорачуваме да прочитате: Посно медено срце со овошје.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.