Баунти штангли - млечни колачи со кокос и чоколадо

Баунти штангли – млечни колачи со кокос и чоколадо

Тие се едни од највкусните и најпопуларни десерти, а познати се како едни од најобожаваните чоколадни колачи во светот! Сега можеме да си пробаме и дома баунти задоволство. На многу брз и лесен начин, уживајте во млечни колачи со кокос и чоколадо. Идеално вкусни! 🙂

Одлични се за разни забави, родендени и коктели, секогаш добредојдени за кратка кафе пауза и мала вкусна енергетска доза за подобра мотивација и концентрација. Еве како може да ги направите.

Баунти штангли - млечни колачи со кокос и чоколадо

Состојки:

За колачи:

  • 1 конзерва (395 мл) засладено кондензирано млеко
  • 50 гр маргарин
  • 45 гр шеќер во прав
  • 250 гр кокос

За глазирање:

  • 200 гр чоколадо
  • 3-6 лажици масло.

Подготовка:

  1. На умерено ниска температура ставете ги кондензираното млеко, маргаринот и шеќерот да се растопат. Тргнете од оган и додајте го кокосот.
  2. Намрсете коцкеста тава со димензии 20 х 20 см, па убаво и рамномерно распоредете ја и натапкајте ја смесата. Оставете убаво да се излади, а откако ќе се здрви исечете штанглички од 1 х 3 см. Кога ќе ги исечите штангличките, по желба може да ги обликувате, односно да ги измазните ќошињата за да наликуваат на купените.
  3. Растопете го чоколадото, на пареа. Може да е млечно, а може и чоколадо за готвење. Во зависност од густината додадете масло и секое парче чоколадирајте го посебно.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: