Брзи посни колачи од 3 состојки 1

Брзи посни колачи од 3 состојки

Денешната свест и здрави трендови на живот ни ја налагаат потребата од повеќе вакви здрави рецепти кои ќе ја задоволат нашата глад за слатки нешта. Такви се и овие брзи посни колачи на кои наидовме сосем случајно при секојдневна комуникација со нашата пријателка Славица која редовно припрема интересни и убави јадења и десерти.

Рецептот за подготовка на брзите посни колачи од само 3 состојки е едноставен и нема голема комплексност, па е одличен за сите домаќинки и домаќини, млади и искусни, зафатени и оние кои имаат повеќе време, а наидува на радост од сите возрасни групи, бидејќи е здрав и не може да штети на ничие здравје. Со овие колачиња можете да ги почестите вашите дечиња, родителите или пријателите, секој ден па и во време на пости. Во оваа насока, повелете уште еден рецепт за здрави посни бомбици со јаболка и цимет, а без шеќер.

Брзи посни колачи од 3 состојки 2

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1 шолја суво грозје.

Подготовка:

  1. Во чист сад за месење ставете ги овесните снегулки и сувото грозје.
  2. Измешајте ги сувите состојки, па додајте ја бананата. Бананата е најдобро да биде исечена на парчиња или пасирана, а потоа со раце убаво измесете ја целата смеса за да стане хомогена.
  3. На крај оформете колачи со големина по желба, а доколку имате потреба да добиете повеќе посни колачиња, слободно зголемете ја дозата.
  4. Печете во тава или плех обложен со пекарска хартија, на температура од 180 степени за време од 15 минути.

Брзи, здрави и вкусни! А, за љубителите на чоколадо, слободно сувото грозје заменето го со темно чоколадо и уживајте во вкусот. На здравје!

Рецептот го сподели Славица.

Ви предлагаме да прочитате и здрави бомбици со овесни снегулки и мак.

Сподели: