Брз лесен појадок за енергичен ден

,,Омилениот појадок бр.2 за летово! Свежо, слатко, хранливо и многу нутритивно! Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање. Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. ”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

,,Супер за добро варење, за одржување и намалување на телесна тежина, а што е важно, убава комбинација и за оние кои не можат да консумираат млеко. По мој вкус, појадок без маана! ”  – со насмевка вели Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Брз лесен појадок за енергичен ден

Состојки:

  • 40 г овес или околу 4 лажици
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажиче ленено семе
  • 1 лажиче сончоглед
  • 1 лажиче цимет
  • 10-тина зрна суво грозје
  • 10 сечкани бадеми или микс со ореви и лешници
  • 200-250 мл јогурт
  • сезонско овошје или микс од овошја: смокви, праски, сливи, банани на ситни парчиња.

Подготовка:

  1. Ставете ги сите суви состојки во чинија.
  2. Додајте го јогуртот и убаво измешајте.
  3. На крај додајте го и сечканото овошје. По желба измешајте и на здравје!

Совети плус:

  • Оброкот може да го припремите порано и да стои во фрижидер, а за овошјето сепак препорачувам да се додаде непосредно.
  • Ако обожавате поблаго, додајте 1 лажиче мед.

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Овошен јогурт со овес и чиа – здрав, вкусен и брз појадок.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: