Вегетаријански ќофтиња од хељда, просо и компир 1

Вегетаријански ќофтиња од хељда, просо и компир

Често сакаме да јадеме нешто различно, но остануваме без идеја. Во таквите моменти, Сѐ за храна е тука за вас и има да ви препорача убави вегетаријански ќофтиња, направени од избрани здрави состојки.

Кујната на Кате е фантастична, полна со креативни и вкусни рецепти. Вреди да го пробате рецептот.

Вегетаријански ќофтиња од хељда, просо и компир 2

Состојки:

  • 1 среден по големина варен компир
  • 1 филџан хељда
  • 1 филџан просо
  • 1 помала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка сенф
  • по потреба сол, црн пипер, маслиново масло.

Забелешка: Филџанот е од 70 мл.

Подготовка:

  1. Сварете ги посебно просото и хељдата и оставете ги убаво да се изладат.
  2. Во сад ставете ги сварените просо, хељдата и ренданиот компир.
  3. Додајте го и кромидот, претходно изрендан на ситната страна од рендето.
  4. Ставете го сенфот, посолете и наросете црн пипер.
  5. Измешајте убаво да се соединат состојките.
  6. Со раце земајте од смесата и формирајте ги ќофтиња.
  7. Редете ги во плех обложен со хартија.
  8. Попрскајте ги со маслиново масло и печете на 200 степени околу 15-20 минути.
  9. Послужете ги топли со свежа салата.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате:Печени ќофтиња од брокула и просо.

Сподели: