Велигденска крем салата со јајца

Велигденска кремаста салата со јајца

Симбол на велигденските празници се варените јајца, а овие денови секоја идеја за искористување на истите ни е добредојдена. Споделуваме една супер идеја за подготовка на велигденска крем салата со јајца и авокадо. Вкусна, кремаста и здрава, ќе им се допадне на сите во фамилијата.

Збогатете ја традиционалната салата со јајца со малку авокадо и зачини, и дајте и една сосем нова димензија, вкус и текстура. Авокадото е хранливо и изобилува со здрави омега масти додека јајцето со протеини, па на тој начин оваа салата ќе прерасне во комплетен оброк кој може да го послужите со интегрално сендвич лепче за појадок или како лесна вечера.

велигденска кремаста салата

Состојки:

  • 1 авокадо со средна големина
  • 3 тврдо варени јајца
  • 2 лажици посен мајонез
  • 1 лажичка сок од лимон
  • морска сол и свежо мелен црн пипер по вкус.
  • 1 лажичка сечкан свеж магдонос. 

Подготовка:

  1. Најпрво сварете ги јајцата, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Потоа со помош на лажица одделете го авокадото од лушпата и исто така исечкајте го на коцки.
  3. Во сад со средна големина додајте ги коцките јајца, авокадо, сокот од лимон, мајонезот, магдоносот и зачинете со свежо мелена морска сол и мелен црн пипер. Добро измешајте за да се соединат сите состојки.
  4. Вака подготвената велигденска крем салата послужете ја со интегрално сендвич лепче и тврдо варени јајца. Уживајте  за велигденските празници! 

Идеја плус: Во салатата може да додадете и неколку листови блендиран спанаќ. Измешајте ја или кратко измиксирајте ја и послужете ја како сос во комбинација со вашиот омилен чипс.

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденска свежа салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

 

Сподели: