Велигденски зајачиња од тесто - празнични мини погачи 1

Велигденски зајачиња од тесто – празнични мини погачи

Нашиот пријател Давор подготви прекрасни Велигденски зајачиња од тесто! Како што тој ни ги опиша, уште може да ги наречеме празнични мини погачи, а бидејќи се многу симпатични со задоволство ги споделуваме со сите вас.

Давор на неговата страница вели „Се ближи Велигден, а секојдневно во кујната ми текнуваат декоративни креации, кои ќе бидат воодушевувачки за вашето семејство и пријатели. Искористете ги овие празнични мини погачи – зајчиња, за да ги изненадите најмладите во семејството.“

Велигденски зајачиња од тесто - празнични мини погачи 2

Состојки:

За тесто:

  • 900 гр брашно
  • 400 мл млеко
  • 2 белки
  • 1/2 квасец
  • сол по вкус
  • 4 лажички шеќер (или 2 големи лажици)
  • 100 мл масло за јадење.

За декорација:

  • каранфилчиња за очите
  • бадеми забите.

Подготовка:

  1. Замесете тесто од сите состојки и оставете да нарасне за време од околу 60-70 минути.
  2. Започнете да ги оформувате зајчињата на тој начин што целото тесто ќе го поделите на 4 еднакви дела.
  3. Од секој дел земете поголемо парче за стомакот, малку помало парче за главата (исто како на сликата) и 6 помали парчиња за рацете и нозете и ушињата.
  4. За очињата ставете каранфилче , а за забите исечкани бадеми.
  5. Оставете ги повторно да нараснат околу 30 минути, па премачкајте ги со жолчка.
  6. Печење во загреана рерна на 180 степени, за време од 25-30 минути. Добар апетит и забавно готвење.

Среќни празници!

Рецептот го испратил: Давор Панчевски, Dave’s Kitchen.

Ви препорачуваме да прочитате: Традиционален Велигденски милиброд (козињак).

Сподели: