Домашен балсам за усни со мирис на портокал

Домашен балсам за усни со мирис на портокал

Сигурни сме дека не постои жена која не би се израдувала на балсам за усни со мирис на портокал, кој е сосема природен и без штетни хемикалии. Органската козметика во последно време е многу популарна. Таа не предизвикува алергиски и несакани реакции, а подеднакво е ефикасна како и купечките производи. Па затоа, пробајте го овој домашен балсам за усни кој е навистина лесен за подготовка.

Природниот балсам ќе ве освои со неговиот цитрусен мирис, а ќе им овозможи на вашите усни совршена хидратација и нега. Затоа, ако сакате да имате убави и негувани усни, направете си го овој балсам и уживајте во нивната мекост и нежност. Бидејќи од наведениве состојки ќе добиете поголема количина на балсам, истиот можете да го подарите на вашите пријателки или роднини. Тоа би било совршен празничен подарок за секоја жена.

домашен балсам

Состојки:

  • 2 лажици пчелин восок
  • 2 лажици шеа путер
  • 4 лажици бадемово масло
  • 10-12 капки етерично масло од портокал
  • мала тегла.

Подготовка:

  1. Во мал сад ставете ги восокот, бадемовото масло и шеа путерот. Измешајте ги и растопете ги во микробранова печка или на пареа.
  2. Потоа добро промешајте, со цел да добиете хомогена смеса.
  3. Во смесата додајте го и етеричното масло. Уште еднаш добро промешајте.
  4. Додека смесата е во течна состојба, ставете ја во чисти мали тегли и оставете ја да се стврдне во фрижидер.
  5. Од оваа смеса би требало да добиете количина за 8 балсами (зависно од големината на теглите) што е одлично, бидејќи можете да им подарите ист поклон на сите драги жени во вашиот живот.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен балсам за усни од чоколадо и цимет.

Сподели: