Домашна смеса со кефир за детоксикација и чистење на организмот 1

Домашна смеса со кефир за детоксикација и чистење на организмот

Кефирот е добро познат како благотворна намирница за човекиот организам. А, заедно со хељда, добиваме комбинација која може да го ослободи организмот од лошите бактерии, а и да го зајакне. Еве како може да си ја направите сами и дома оваа здрава смеса со кефир за детоксикација и чистење на организмот.

Овој природен еликсир потекнува од народната аптека и е познат по своите лекови својства со години наназад.

Домашна смеса со кефир за детоксикација и чистење на организмот 2

Има повеќе причини зошто оваа смеса е добра за организмот

Чистењето и ослободувањето на организмот од непотребните и штетни бактерии е одлично за памтењето и за концентрацијата, а посебно за постарите лица. Оваа смеса, придонесува за регулирање на нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и ја подобрува работата на панкреасот, а се смета дека и позитивно влијае на нивото на хемоглобин во крвта.

Еве како да си направите смеса со кефир за детоксикација и чистење на организмот

Состојки:

  • 1 лажица хељдино брашно
  • 180 мл кефир
  • мед по желба.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Хељдиното брашно ставете го во чаша и прелијте го со кефирот. Добро промешајте и оставете смесата да преноќи во фрижидер.
  2. Утрото, промешјте ја смесата уште еднаш и изедете ја. По желба додајте малку мед за да ја засладите.
  3. Најдобро е оваа смеса да ја консумирате наместо појадок, а потоа не треба да јадете ништо барем 3 часа. Чистењето на организмот со помош на оваа смеса се практикува до 14 дена по ред. Притоа, не треба да се повторува повеќе од 2 пати годишно, односно се прави еднаш на 6 месеци.

Ви препорачуваме да прочитате: Што е кефир и 9 здравствени причини да се напиете.

Сподели: