Едноставна салата со грав и чајна салама

Едноставна салата со грав и чајна салама

Даниела ни предложи одличен рецепт за едноставна салата со грав и чајна салама. Нејзиниот вкус се вклопува супер, како во ладните зимски денови, така и во летните горештини. Подгответе ја за себе и за друштвото оваа салата која е многу вкусна и се вклопува во сите сезони. 

Едноставна салата со грав и чајна салама

Состојки:

  • 300 гр црвен или шарен грав
  • 200 гр чајна салама
  • 2 главици кромид
  • 2 црвени пиперки
  • 1 лажица сол
  • 1/2 филџан киселина.

Подготовка:

  1. За побрзо да го сварите гравот, пожелно е да го оставите во вода барем неколку часа или преку ноќ, а потоа ставете го да се вари заедно со пиперките.
  2. Сварениот грав исцедете го, а на пиперките отстранете им ја лушпата и испасирајте ги.
  3. Кромидот исечете го на парчиња, а чајната салама на кругови и измешајте ги во подлабок сад.
  4. Посолете, додајте малку киселина и измешајте. Може да користите и готов „дресинг“ или некој сос за салати, како и дополнителни зачини по избор. и се разбира секогаш зачините остануваат по ваш избор.

Оваа салата со грав и чајна салама се прави доста брзо, лесно и едноставно, а може да ја сервирате веднаш по подготовката или подоцна доколку ја чувате на ладно и суво место убаво складирана.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Ви препорачуваме да прочитате и посна салата со грав.

Сподели: