рецепт за неварен џем

Здрав неварен џем од капинки и боровинки

Неварените џемови се совршено засладување за топлите денови. За разлика од другите џемови, пократко траат па треба да се чуваат во фрижидер и да се консумираат што побрзо. Со оглед на тоа што започна сезоната на боровинките, ви предлагаме супер рецепт. Направете здрав неварен џем од капинки и боровинки со чиа семе.

Пектинот од боровинките и желатинот кој го создаваат чиа семките го згуснуваат џемот, така што нема потреба да се вари. Добар е за сите, но особено го препорачуваме за децата.

неварен џем од капинки и боровинки

Состојки:

  • 180 грама свежи боровинки
  • 180 грама свежи капинки
  • 3 лажици јаворов сируп или друг засладувач (мед) по избор
  • 1 лажица лимонов сок
  • ½ мала лажица екстракт од ванила
  • 3 лажици чиа семе.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги боровинките и капините. Миксирајте ги кратко време додека се добие хомогена смеса.
  2. Мелените боровинки ставете ги во длабока чинија и додајте ги јаворовиот сируп, лимоновиот сок, екстрактот од ванила и чиа семето. Измешајте и готовиот џем ставете го тегла. Чувајте го во фрижидер. По 1 до 2 часа џемот може да се јаде.
  3. Совет плус: Свежите или замрзнатите боровинки штом се испасираат во блендер за неколку минути се претвораат во гел, како резултат на делувањето на пектинот. Оставете го џемот да се претвори во гел, а потоа уште еднаш измешајте го.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен џем од боровинки.

Сподели: