Како да ги намалите проширените пори на лицето 1

Како да ги намалите проширените пори на лицето?

Проширените пори на лицето му го одземаат оној мазен, посакуван изглед на нежност, а нечистотијата лесно се „вгнездува“ во кожата. Скоро секој од нас, барем на одделни делови од лицето има проширени пори кои се изразени, па препорачуваме да ги прочитате и испробате нашите маски и добри совети.

Да се разбереме, порите не се нешто лошо или нешто од кое треба да се срамиме. Тие се места во кои се сместени фоликулите на влакненцата и благодарение на нив, нашата кожа е нахранета и мека. Но, проблемот настанува кога разните нечистотии и маснотија со времето успеваат да ги прошират порите, па стануваат многу поголеми отколку што е неопходно. Прилично е тешко да се доведат во беспрекорен ред и да се „испеглаат“, но со редовна нега со ефективни маски и трикови, ќе успеете значително да го подобрите изгледот на кожата.

Користете пилинг

Поради нечистотијата која се насобира, потребен е редовен, но не пречест пилинг. Користете природни маски за пилинг од шеќер со маслиново масло, од овесна каша и слично. А, ако не сакате да се занимавате со подготовка има и такви пилинзи кои може да си ги набавите лесно и да ги применувате и дома.

Исто така, важно е, после туширање да го измиете лицето со ладна вода и со тапкање да го бришете, а за да ги затворите порите кои се отвориле за време на туширањето, поминете со коцка мраз по лицето. Ако сакате да се шминкате, ова е многу важно да го направите пред да нанесете шминка.

Маски

Кога станува збор за домашна нега, маската од белки е на прво место. Ја затегнува кожата и се бори против акните. Измешајте 1 белка и малку лимонов сок, па смесата нанесете ја на лицето. Откако ќе се исуши, измијте ја.

Друга едноставна и делотворна маска е маската подготвена од сода бикарбона со малку вода. Откако ќе добиете „паста“, масирајте со кружни движења околу 30 секунди, па измијте се.

Јаболкова киселина

Јаболковата киселина е истакнат домашен препарат за намалување на порите. Ако ја разблажите со вода, може да послужи и како тонер, а ако се плашите да не погрешите, сепак би ви препорачале да набавите тонер кој ќе одговара и ќе биде погоден за вашата кожа. На овој начин ќе постигнете длабинско чистење, затегнување на кожата и намалување на порите, како и намалување на воспалението на кожата и помалку акни и митесери.

Јогурт

Тој делува двојно. Го чисти лицето и ги смалува порите благодарение на млечната киселина. Една лажица јогурт е доволна за цело лице. Нанесете со нежна масажа и оставете да делува 10 минути. Измијте се со млака вода и избришете го лицето со тапкање.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни третмани со праска за борба против стареењето, докажано ја затегнуваат и подмладуваат кожата!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: