Како да направите прав од цвекло 1

Како да направите прав од цвекло?

Во последно време е многу популарен и тоа од повеќе причини! Правот од цвекло е состојка која едноставно мора да ја имате во својата кујна, а посебно ако обожавате сами да правите природна козметика. Се прашувате како може да се направи прав од цвекло? 

Многу луѓе го користат правот од цвекло како суплемент за снижување на крвниот притисок, за зголемување на енергијата и како помош за детоксикација. Исто така, може да биде корисен додаток на природно припремените козметички производи, а освен тоа и ќе им даде прекрасна боја.

Како да направите прав од цвекло 2

Состојки:

  • Цвекло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Цвеклото добро измијте го, излупете го и исечете го на тенки кругови. Доколку имате соодветен апарат/мултипрактик искористете го за да ги исечете полесно и поубаво.
  2. Потоа, цвеклото наредете го во тепсија која сте ја обложиле со хартија за печење. Оставете го да се суши во рерната на ниска температура или на сонце додека не се исуши во потполност.
  3. Подоцна, едноставно измелете ги во машина за ситно мелење, на пример мелница за кафе, така што ќе добиете ситен прав. Правот од цвекло можете да го користите за изработка на природно руменило, за сјаеви за усни, како природна прехранбена боја за колачи и слично.

Ви препорачуваме да прочитате: Декорација за трпеза – Совршени ружи од цвекло.

Сподели: