Ниту една прослава не би можела да помине без прекрасни декорации на трпезата, било тоа да се од природни материи и храна, или пак различни декорации од салфетки и други елементи. Оваа совршена декорација со рачно направени ружи од цвекло стои на секоја убава трпеза и супер е за секој убав повод!
Цвеклото е често употребувано во салати, супи или како додаток при оброците. Овој зеленчук мами со впечатливата боја која секого го става во искушение. Калориска вредност од само 43 калории во 100 грама, ниска содржина на холестерол, заситени масти и висока застапеност на растителни влакна, го прават цвеклото едно од здравите задоволства, кои се секогаш достапни, широко употребувани и одлични за посакуваниот израз во огледалото. Цвеклото навистина е фантастична храна, освен што од него може да се изработат сензационални природни декорации кои се јадат, тоа е и исклучително здраво за организмот. Тука прочитајте ги 7-те здравствени придобивки од цвеклото.
За да направите ружи од цвекло со кои ќе се гордеете пред своите гости не се неопходни кој знае какви кујнски алатки и вештина. Потребно е малку труд, малку внимание и многу љубов и желба да се направи нешто убаво. Затоа, ве охрабруваме да не се плашите да ги направите своите ружи од цвекло и спротивно од тоа, ве поттикнуваме да пробате и да се уверите дека секој кој пробал успеал да направи креативно дело. Повелете видео упатство за резултат без грешка!