Корнети од лиснато тесто со крем од слатка павлака

Корнети од лиснато тесто со крем од слатка павлака

Летото е период кога сите сакаме полесни десерти со овошен вкус, кои истовремено и ќе не заблажат, но и освежат. Овој е баш таков! Вкусен, благ и освежителен со совршена арома на лимон. Овој рецепт го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, па не се сомневаме дека е прекрасен како и сите други нејзини рецепти. Сигурни сме дека сите ќе ги обожаваат овие корнети од лиснато тесто, но со поразличен кремаст фил од слатка павлака.

Доколку и на вас ви досадија секојдневните десерти во облик на торти и колачи, направете нешто поинакво и внесете свежина во вашето секојдневие. Корнетите се прават лесно и со готовo лиснато тесто, па на вас останува само да го подготвите филот и да уживате во прекрасниот вкус.

корнети од лиснато тесто

Состојки:

  • 250 г лиснато тесто
  • 250 мл слатка павлака
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица густин
  • 25 г путер
  • 1 јајце за премачкување
  • листови бадем по желба.

Подготовка:

  1. Лиснатото тесто развлечете го во тенка кора и со помош на нож исечете го на ленти со ширина од 1 см.
  2. Калапите со облик на корнет премачкајте ги со путер, па на нив намотајте ги лентите од лиснато тесто, тако што ќе се преклопуваат.
  3. Готовите корнети наредете ги на плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и премачкајте ги со разматено јајце. По желба може да ги поросите и со листови бадем.
  4. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути или се додека заруменат.
  5. Откако ќе се изладат извадете ги од калапите.
  6. Потоа припремете го кремот со кој ќе ги полните корнетите. Најпрво изматете ги јајцата заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додајте ги сокот од лимон и густинот. Добро измешајте ја сместа, а потоа ставете ја да се вари на пареа околу 10 минути или додека кремот се згусти. Пред самиот крај, во кремот додајте и парче путер и оставете го да се излади.
  7. Потоа изматете ја слатката павлака и измешајте ја со изладениот крем од лимон.
  8. Кремот наполнете го во готварски шприц со врв во облик на ѕвезда и наполнете ги лиснатите корнети. Посипете ги со шеќер во прав и чувајте ги во фрижидер се до служење.

Совет плус: Корнетите од лиснато тесто може да ги наполните и со овошен крем по ваш вкус. Само изматете слатка павлака и во неа додајте пасирано овошје по желба (јагоди, малини, капини и сл.), а кога корнетите ќе се изладат ќе бидат вистински сладолед.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите домашни корнети за сладолед?

Сподели: