Лесен рецепт за декоративни солени канапеи 1

Лесен рецепт за декоративни солени канапеи

Се подготвувате за некоја семејна свеченост, свадба, крштевка, роденден или именден? – Тогаш овие слатки и декоративни солени канапеи се совршен додаток за вашата свечена трпеза. Многу вкусни и интересни мали залчиња, на кои што гостите нема да може да им одолеат!

Идејата за овие декоративни канапеи ја најдовме на блогот на нашата пријателка Лана. Нас особено ни го привлекоа вниманието затоа што се прават од лесно достапни намирници, брзо и без печење и месење. Може да ги направите непосредно пред да пристигнат гостите без да губите време на комплицирани подготовки. Крајниот резултат ќе ги воодушеви сите!

Лесен рецепт за декоративни солени канапеи 2

Состојки:

  • половина паковање тост леб
  • 200 г шунка или друг сувомеснат производ
  • 200 г кашкавал
  • 2-3 лажици ајвар или некој друг намаз по желба
  • 1 свежа краставица или салатка по желба
  • магдонос по желба.

Подготовка:

  1. Неколку парчиња леб премачкајте ги со ајвар или со некој друг намаз по ваша желба.
  2. Потоа, врз секое парче леб ставете по едно парче шунка, кашкавал и неколку тенко исечени кругови свежа краставица или лист зелена салата.
  3. Потоа ставете уште едно парче леб и повторно намачкајте ајвар или од намазот кој сте одбрале да го користите во замена. Врз ајварот нанесете ги простанатите состојки по ист редослед. Завршете со парче леб кое нема да го премачкате со намаз.
  4. Со калап по ваша желба извадете ја средината од вака наредените парчињата леб.
  5. Готовите канапеи декорирајте ги со ливчиња магдонос и цветчиња направени од кашкавал кои ќе ги направите со помош на мали калапчиња.
  6. Послужете ги веднаш по подготовката. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Врзани кифлички со сланина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: