Овој рецепт за летен пинџур е со повеќе домати, се прави многу брзо и лесно, а погоден е и за замрзнување. Во лето доматите ги има во изобилство, а посебно кога станува збор за пинџурите тие се една од главните состојки.
За овој летен пинџур потребно е да имате зрели домати и убави пиперки. „Иако обично правам со црвени пиперки, може и со жолти, лути или благи, какви што ќе најдите.“ – сподели Весна со нас. Исто така, ни кажа дека нема мерки и готви „од око“, а количината на доматите треба да е доволна за да се оформи убав сос. Така, ставете од предложените состојки во количини колку што сакате и по желба менувајте го вкусот со додавање или одземање на некоја од нив. Уживајте во сопствената умешност за комбинации во кујна, на здравје!
Состојки:
Подготовка:
- Излупете ги доматите и исечете ги на покрупно.
- Пиперките измијте ги и исто така исечете ги на покрупно, додека лутите на поситно.
- Лукчето излупете го и исечете го на тенки лентички, па ставете го да се пржи во малку масло.
- Во садот додајте ги пиперките, кратко пропржете ги, а потоа додајте ги и доматите. Не треба да се варат туку треба да се пржат на посилна температура.
- Додајте го шеќерот, па продолжете да пржите до саканата сочност.
- На крај, додајте сол и магдонос по вкус.
Навистина е брзо и едноставно, а прекрасниот мирис ќе се чувствува до соседното маало!
Рецептот го испратил: Весна Рор, Со љубов за вас.
Ви препорачуваме да прочитате: Македонски домашен пинџур.