Лесна компир салата со зеленчук и јајца 1

Лесна компир салата со зеленчук и јајца

Малку поразличен и свеж предлог за разубавување на менито во топлите денови! Одлична за лик и вкусна за јадење компир салата со зеленчук и јајца! Да ја пробаме!

Ни ја предлага Катерина М, а еве што вели: „Еве еден предлог од мене како промена на класичната компир салата. Вметнав малку свежи состојки и добив одличен краен резултат.“

Лесна компир салата со зеленчук и јајца 2

Состојки:

  • 250 г компир
  • 125 г моцарела
  • 1 рака ситно сечкана зелка
  • 2 млади кромидчиња или 1 помала главица кромид
  • 4 јајца од препелица
  • 5 листа марула
  • 5 ротквици
  • 1 главица цвекло
  • по потреба сол, црн пипер, масло, јаболкова киселина.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги компирите, па ставете ги да се варат.
  2. Излупете го и сварете го и цвеклото.
  3. Сварените компири излупете ги и грубо испасирајте ги.
  4. Марулата и зелката ситно исечкајте ги и додајте ги во чинијата со компири.
  5. Ротквиците исечете ги на тенки кругови и нив додајте ги во чинијата.
  6. Додајте го и сечканиот кромиид и моцарелата исечена на мали коцки.
  7. Зачинете со сол, сол, црн пипер, масло и јаболкова киселина по вкус. Измешајте убаво.
  8. На крај, додајте го и цвеклото исечено на мали коцки и сварените јајца исечени на половинки.
  9. Измешајте малку и на здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Медитеранска салата со компири и домати.

Сподели: