Мрзлива пита со јаболка - „лења пита“

Мрзлива пита со јаболка – „лења пита“

Супер вкусна пита која се прави на многу едноставен начин и баш е совршена за мрзливи моменти во кои ни е потребно да се засладиме! Интересна и идеална за подготовка, мрзлива пита со фантастичен изглед и уште подобар вкус!

Мрзлива пита со јаболка - „лења пита“

Состојки:

За пандишпан:

  • 4 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја масло
  • 2 шолји брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво.

За фил:

  • 1 кг јаболка
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици гриз
  • 1 шолја шеќер (или по вкус)
  • 1 лажичка цимет.

Користената шолја е 215 мл.

Подготовка:

  1. Во сад за матење изматете ги јајцата со шеќерот, додека шеќерот убаво се растопи.
  2. Потоа додадете ги маслото и јогуртот, па брашното и прашокот за печиво.
  3. Смесата поделете ја на 2 еднакви дела. Едниот дел ставете го во намрсена тава 25х35, па ставете го во загреана рерна на 190 степени да се печи околу 10 минути.
  4. За тоа време во маслото пропржете ги ренданите јаболка со шеќерот, а потоа додадете ги гризот и циметот.
  5. Тавата во која се печел првиот дел извадете ја од рерна и премачкајте го целиот фил врз скоро печеното тесто, па одозгора распоредете го и вториот дел од смесата.
  6. Печете додека одозгора не се оформи убаво печена кора.
  7. Печената мрзлива пита посипете ја со шеќер во прав, а откако ќе се излади исечете ја на коцки и уживајте.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: