Надминете ги проблемите со дигестивниот систем по период на обилна исхрана

Овие денови сигурно јадевте малку повеќе од вообичаено, а тоа веројатно ќе продолжи и во наредниве денови. Ако имате проблеми со дигестивниот систем како резултат на зголемената консумација на храна, тогаш применете некои од нашите совети кои со сигурност ќе ви ги намалат стомачните тегоби.

Доколку се прејадовте овие денови ни малку не ве обвинуваме, бидејќи е навистина тешко да им се одолее на празничните специјалитети. Но, со мала промена во исхраната, проблемите со варењето на храна може да се надминат. При рака треба да ги имате само овие неколку состојки кои на многу брз и ефикасен начин ќе ви помогнат да се ослободите од непријатностите поврзани со дигестивниот систем.

проблеми со дигестивниот систем

Чај од камилица за надминување на непријатните проблеми со дигестивниот систем 

Иако ви изгледа дека повеќе не можете да изедете ниту еден единствен залак храна, ни па да проголтате ни капка течност, можеби би било добро да се напиете по некоја голтка чај која ќе ви го смири стомакот и ќе ја подобри дигестијата на храната. Во овој случај најдобро е да консумирате чаеви кои во себе не содржат кофеин и вештачки ароми. Камилицата е дефинитивно најдобриот избор кој може да го направите.

Мента

Бонбоните од ментол се навистина одличен избор во моментите кога се чувствувате прејадено и надуено. Тие на природен начин ги ослободуваат гасовите, ја помагаат работата на дигестивниот тракт и ги ублажуваат мачнините. Но, доколку патите од рефлукс тогаш би требало да го избегнувате ментолот, бидејќи може да предизвика киселини во желудникот. Во спротивно слободно може да пиете чај од мента или да џвакате ментол мастика.

Вежбајте

Иако најчесто после добар оброк обично подлегнувате на искушението да одморите, тоа е најлошиот избор што може да го направите. Мотивирајте се и отидете на кратка прошетка, затоа што на тој начин ќе ви се подобри работата на дигестивниот систем. Така ќе ги спречите и  киселините да се вратат во желудникот, бидејќи гравитацијата ќе го направи своето.

Активен јаглен

Доколку се ова што е погоре наведено не ви помогне, тогаш посигнете по некој лек од аптека, а на прво место тука е активниот јаглен кој ќе ви помогне за многу брзо време да се ослободите од непријатностите во стомакот. Но, ова треба да биде вашата последна опција  и никако не смее да ви премине во навика.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 совети за подобро варење на храната.

Сподели: