Направете сами напиток против стрес - рецепт 1

Направете сами напиток против стрес – рецепт

Стресот го има насекаде и секогаш. Ретко кој одлично се справува со него, а голем број од нас се трудат да го откријат најдобриот начин. Можеби ова е вистинското решение за вас, пробајте да се опуштите и релаксирате со овој напиток против стрес.

Некои практикуваат почеста физичка активност, некои кога се под стрес сакаат повеќе да спијат, има такви кои слушаат релаксирачка или омилената музика која исто така ги опушта, некои сакаат да јадат, да пушат цигари, да консумираат алкохол или наркотици во подлабоки состојби на нарушување и уште многу разни други ситуации се можни кога организмот е под влијание на стресот.

Ако сакате да прочитате повеќе за тоа кои 9 намирници помагаат против стрес, кликнете тука.

Како што знаеме и како што можеме да прочитаме погоре, не сите начини за ослободување од стресот се позитивни, па оттука ни е и идејата да ја напишеме оваа содржина. Со помош на овој рецепт ќе подготвите лековита мешавина од посебно избрани растенија, која ќе ви помогне да ги пребродите полесно стресните ситуации, како и да се ослободите од напнатоста и стресот.

Направете сами напиток против стрес - рецепт 2

За да подготвите чај кој ги неутрализира негативните последици од стресот, потребно е:

Состојки:

Подготовка и начин на употреба:

  1. Земете 1 лажица од растителната мешавина за чај и прелејте ја со 200 мл ладна вода.
  2. Садот поклопете го и загрејте го додека зоврие, а потоа оставете го да стои еден сат и исцедете го. По желба засладете со мед.
  3. Напитокот против стрес пијте го по 2-3 пати дневно, по јадење или по потреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете антистрес топче и намалете ја напнатоста.

Сподели: