Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна 1

Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна

Испробајте го овој природен лек против опаѓање на косата! За него многумина велат дека навистина делува и дека освен што го спречува паѓањето на косата, туку и го поттикнува растот на нови влакна.

За да го направите леков кој датира од стари времиња и уште се нарекува древен рецепт, потребни ви се само 3 состојки кои ги имате во вашата кујна. Природен е, домашен, а можат да го користат и мажи и жени. Со редовна употреба резултатите нема да изостанат, ќе видите подобрување. Доколку сакате да прочитате повеќе совети и природна маска, кои може да ви помогнат за да ја зачувате вашата коса, кликнете тука.

Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна 2

Состојки:

  • малку маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица цимет.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Маслото ставете го да се стопли, но не и да врие.
  2. Потоа во него ставете ги медот и циметот, па добро промешајте.
  3. Со оваа природна мешавина масирајте го коренот на косата еднаш дневно и оставете да стои барем 15 минути.

Ако пак немате време да правите домашни третмани, а дефинитивно сакате да преземете нешто за да го спречите опаѓањето на косата, тогаш обратете се кај професионалци.

Со редовна нега и здрава исхрана, коренот на вашата коса ќе зајакне и таа ќе престане да паѓа. Луѓето кои го користеле овие лекови тврдат дека препаратот е делотворен, а природната мешавина исто така помага за справување со ќелавоста. Се надеваме ќе ви помогнат и вам!

Ви препорачуваме да прочитате: Спречете го засиленото опаѓање на косата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: