Освежителен кремаст десерт со цреши и лиснато тесто 1

Освежителен кремаст десерт со цреши и лиснато тесто

Кате ни кажа дека ова не е некој посебен рецепт, туку го направила од она што се нашло во фрижидерот, а сепак излегол одличен. Пробајте го и вие овој рецепт за лесен освежителен и кремаст десерт со цреши и насладете се!

Крцкаво, сочно, свежо, неодоливо! Мора да се проба летово!

Освежителен кремаст десерт со цреши и лиснато тесто 2

Состојки:

  • 250 гр готово лиснато тесто.

За крем:

  • 250 гр маскарпоне
  • 20-30 цреши
  • 3 лажици шеќер во прав.

За премачкување:

  • 1 јајце.

Подготовка:

  1. Од лиснатото тесто со помош на чаша извадете кругови.
  2. Половина од круговите ставете ги во плех за печење обложен со хартија.
  3. Другите кругови лиснато тесто пресечете ги со помала чаша на средината и ставете ги по едно врз секој цел круг лиснато.
  4. На средината избоцкајте ги со виљушка на неколку места, премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат на 180 степени, додека поруменат.
  5. Во меѓувреме подгответе го кремот. На црешите отстранете им ги семките и исечкајте ги на парчиња.
  6. Додајте го шеќерот во прав и измешајте.
  7. Потоа додајте го маскарпонето и убаво соединете ја смесата.
  8. Откако лиснатото тесто ќе се испече оставете го да се излади, а потоа наполнете го со подготвениот крем.
  9. Така подготвените лиснати колачи оставете малку во фрижидер, за да се подизлади кремот и ке имате вистинско летно слатко освежување.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 испробани рецепти за овошни десерти со јагоди.

Сподели: