Печени кокосови бомбици 1

Печени кокосови бомбици

Има многу рецепти за слични колачи, а ние наидовме на еден симпатичен, нов и малку поинаков рецепт за кокосови бомбици. Едноставни се за правење, вреди да се пробаат!

Уште еден вкусен и симпатичен рецепт од нашата пријателка Лана, па да го пробаме!

Печени кокосови бомбици 2

Состојки:

  • 225 гр брашно
  • 80 гр кокос
  • 80 гр шеќер
  • 1 рамна лажица прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • малку нарендана кора од лимон
  • 2 јајца
  • 30 гр путер
  • 5-6 лажици млеко.

Подготовка:

  1. Брашното измешајте го со кокосот, шеќерот, прашокот за печиво и изренданата лимонова кора.
  2. Путерот стопете го на тивок и турете го во садот со претходно измешаните состојки.
  3. Потоа, додајте ги и јајцата и млекото, чија количина може да ја менувате зависно од потребата. Замесете меко тесто.
  4. Обликувајте бомбици со големина на зрно грозје и редете ги врз хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути, колку да се здрват и да добијат убава боја.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за највкусните домашни Рафаело бомбици.

Сподели: