Печени пиперки во киселомлечен сос 1

Печени пиперки во киселомлечен сос

Нашата земја е позната по разните специјалитети со пиперки. Така, во оваа прилика ви предлагаме да пробате печени пиперки во киселомлечен сос кој е одличен и доколку сакате да макнете со залак леб.

Количината на пиперки можи да варира од наведената бројка во зависност од големината и сортата. Може да се користи било каква сорта на пиперки, а оној кој сака луто може да си направи со лути пиперки. Има мала разлика во густината доколку се користи кисела павлака наместо кисело млеко, што секако зависи од вкусот и желбата на консументите.

Печени пиперки во киселомлечен сос 2

Состојки:

  • 400 гр кисело млеко или кисела павлака
  • 1 лажиче винска киселина
  • 1 лажиче песто сос
  • 1/2 лажиче мешавина од италијански зачини
  • 1 лажиче сенф во прав
  • 1/2 лажиче сол
  • прстофат шеќер
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 2-3 чешниња лук
  • малку магдонос за декорација
  • 10-тина пиперки.

Подготовка:

  1. Пиперките испечете и излупете ги. 2-3 оставете цели за декорација, а останатите искинете ги на поситни парчиња.
  2. Потоа во нив додадете ја киселината, 1-2 лажици масло, пресованиот лук, посолете и убаво измешајте.
  3. Во одделен сад измешајте го киселото млеко со песто сосот и останатите состојки, па на крај измешаните состојки додадете ги во садот со пиперките.
  4. Во горниот дел на смесата полека размешајте уште една лажица маслиново масло, ставете ги целите пиперки со се рачки и декорирајте со ситно сечкан лук и магдонос.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени полнети пиперки со урда.

Сподели: