3 значајни причини зошто да пиете свеж сок од моркови 1

3 значајни причини зошто да пиете свеж сок од моркови

Пиењето сокови е одличен начин да ги вклучите морковите во исхраната. Тука би напоменале само да си создадете навика тоа да биде свеж сок од моркови. По можност да биде пресно подготвен и не претереано блендиран за да се зачува што повеќе од растителните влакна и другите хранливи материи.

Придобивки од пиењето на свеж сок од моркови

Една од најголемите причини поради која луѓето пијат сокови е неможноста да изедат толку голема количина на храна колку што би сакале да примат хранливи состојки. Исто така, кога не стигнува времето за готвење или немате можност да припремате свежа салата, свеж сок од моркови и тоа како може да биде супер опција.

3 значајни причини зошто да пиете свеж сок од моркови 2

Сокот од моркови е корисна концентрирана храна

Во последните години модерен е трендот на пиење природни сокови од овошје и зеленчук. Се смета дека на овој начин се постигнува консумирање на концентрирана храна и ензими, па претворањето на морковите во сок не е исклучок. Со време, како што луѓето ги откриваа здравствените придобивки од морковите, домашниот сок од нив стана еден од најобожаваните.

Изобилува со здравствени придобивки

Свежо цедениот сок од моркови е корисен за целокупното здравје. Ако го консумирате секојдневно може да ви обезбеди голем број на микронутриенти, на брз и многу ефикасен начин.

Секојдневното пиење на овој сок го зајакнува имунитетот, го подобрува нивото на енергија и поволно влијае на дигестијата. Постојат истражувања кои покажуваат дека помага и за слабеење.

Го олеснува варењето на храната

Претворањето на морковите и другиот зеленчук во сокови ја подобрува апсорпцијата на хранливите состојки во дигестивниот систем. Ја олеснува, а при тоа растителните влакна се кршат и на цревата им останува помалку работа за да ги примат витамините и минералите. Знаејќи дека голем број на луѓе се соочуваат со потешкотии во варењето, имаат дигестивни пореметувања или иритабилен синдром на цревата, оваа можност да се пие сок е одлична.

Поголемиот број блендери и соковници кои хранливите состојки ги донесуваат до лесно апсортивно ниво. Тоа значи дека штом стигнат до стомакот брзо се апсорбираат. Оттука, влегуваат во крвотокот и помалку ги теретат желудникот, цревата, црниот дроб и другите дигестивни органи.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен сок од морков и јаболко.

Сподели: