брза посна торта

Посен колач од бисквити и јаткасто овошје

Многу брзо и многу лесно ќе направите превкусен посен колач од бисквити со фантастичен вкус на мешано јаткасто овошје, суво грозје и чоколадо. Уживање во секој залак!

Брз посен колач од бисквити и јаткасто овошје

Состојки:

  • 200 гр посни бисквити
  • 150 гр маргарин
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 120 гр мешавина од ореви, лешници, бадеми
  • 3 лажици шеќер
  • 90 мл млеко од соја
  • 30 гр суво грозје
  • 1 лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Најпрво бисквитите искршете ги на помали парчина.
  2. Оревите, лешниците и бадемите исечкајте ги ситно и ставете ги во одделен сад.
  3. Во истиот сад додајте го и сувото грозје, а коколадато прво искршете го на коцки.
  4. Маргаринот кој претходно сте го исекле на коцки, шеќерот и млекото од соја ставете ги да се стопат и соединат на пареа.
  5. Потоа додајте ги бисвитите со исечканото јаткастото овошје и убаво измешајте.
  6. Смесата ставете ја во силиконски калап или во друг калап со кој што располагате, па со помош на лажица порамнете ја површината.
  7. На крај, ставете го во фрижидер за да се излади и да се стегне. Изладениот колач превртете го врз соодветна подлога, посипете го со шеќер во прав, исечете парчиња и послужете го.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: