младост

Потрага по вечна младост! Топ намирници го забавуваат стареењето

Кажете „стоп“ за стареењето и „да“ за младоста! Изберете храна која го продолжува животот. Сте за запрашале ли дали тоа е возможно? Некои експерти сметаат дека потрагата по вечна младост може да ве одведе до овошјето, зеленчукот, зелениот чај и другата храна која е богата со антиоксиданси и состојки кои потенцијално може да го забават процесот на стареење и да го продолжат животот. Па, ајде да започнеме!

Можеби брчките на лицето се прв знак дека започнал процесот на стареење, но со текот на годините доаѓа до намалување на меморијата, намалување на мозочната функција, зголемен ризик од хронични заболувања како што се срцевите болести, остеопорозата и карциномот. Па, како да се заштитиме? Со примена на здрави животни навики кои вклучуваат редовна физичка активност, доволно одмор и сон, консумирање на здрава храна може да се подобри здравјето и во подоцнежните години.

вечна младост

Антиоксидансите се клуч за младоста

Одредени намирници содржат фитонутриенти, за кои се верува дека се клучот за долговечноста. Фитонутриентите кои се членови на фамилијата антиоксиданси, се борат со слободните радикали кои се едни од причинителите на болестите на срцето, карциноми, остеопороза и Алцхајмерова болест. Како што организмот старее така стануваме осетливи од долготрајните ефекти на оксидативниот стрес (состојба кога во организмот има премногу слободни радикали) и воспаленија на ниво на клетката. Така започнуваат сите проблеми поврзани со стареењето.

L-Carnosine е моќен антиоксиданс кој се смета за еликсир на младоста

Л-Карнозин е дипептид кој го сочинуваат две аминокиселини, хистидин и бета аланин. Количината на Л-Карнозинот во организмот е многу поголема во детството отколку во поодминати години. Природно се јавува во високи концентрации во кожата, мускулите и нервните ткива и неговите нивоа се намалуваат со годините. Се препорачува за:

  • здраво стареење и заштита на клетките
  • заштита на мозокот, срцето и мускулите
  • тој е моќен антиоксиданс и ги елиминира слободните радикали.

Важност на Карнозинот

Последните години зголемен е интересот за својствата на Карнозинот, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Научните истражувања покажаа дека Карнозинот има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги врати нивните карактеристики и да им го продолжи животот. Повеќе информации за L-Carnosine прочитајте на trimeks.com.mk, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации за L-Carnosine, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

здраво стареење

Која храна ја чува младоста?

Мудриот избор на храна, практикувањето на здрави животни навики и намалувањето на стресот се клуч за вечна младост. За максимални резултати, треба да се јаде разновидна здрава храна, како што се:

Овошје и зеленчук

Сигурно веќе знаете дека овошјето и зеленчукот претставуваат ризница на антиоксиданси. А дали редовно ги консумирате? Експертите препорачуваат да се јаде најмалку 400 грама овошје и зеленчук на ден за да може да се искористат сите придобивки. Кога сме кај нив, почесто консумирајте:

  • лук
  • кромид
  • праз
  • зеленолиснат зеленчук
  • пиперки.

Храна богата со пробиотици

Киселото млеко и јогуртот поседуваат корисни својства, а покрај тоа содржат пробиотици кои го поттикнуваат растот на здравите бактерии во цревата. На овој начин се подобрува варењето на храната и се превенира појава на констипација (запек). А ако имате проблеми со дигестивниот систем, ви препорачуваме Acidophilus 4×6 од Now Foods. Овој додаток во исхраната со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата. Производот можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки, но и да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс.

Интегрални житарици

Започнете го денот со чинија житарици. Интегралните житарици богати се со растителни влакна кои помагаат за намалување на холестеролот во крвта, а имаат и фитонутриенти како зеленчукот и овошјето. Освен пченицата, во исхраната вклучете и овес, јачмен, хељдапросо и амарант.

Мешунки

Мешунките како гравот, леќата, грашокот и боранијата треба почесто да бидат вклучени во вашата исхрана. Потрудете се барем 4 пати во текот на неделата да ги имате на менито.

Јаткасто овошје

Оревите, лешниците, бадемите и другите јаткасти овошја се богати со витамините од групата Б, како и со здрави масти, кои помагаат за одржување на структурата и еластичноста на кожата. Доволно е да се јадат по 30 грама на ден, затоа што се богати со калории.

Вода      

Водата е од суштинско значење за хидратацијата на кожата, мускулите, крвотокот и за правилно функционирање на сите органи во телото. Препораките се да се пие по 8 чаши вода на ден.

Направете промени и подобрете го здравјето, а сочувајте ја младоста!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 препораки за здраво слабеење без строги диети.

*Комерцијален текст

Сподели: