пржени пирошки од готови кори 1

Пржени пирошки од готови кори

Во брзање сте и немате време да приготвите ручек или вечера? Ви се најавиле гости и за кратко треба да спремите нешто лесно и вкусно? – Имаме супер рецепт за вас: пржени пирошки од готови кори. Приготвен со голема љубов во кујната на Сѐ за храна!

Веруваме дека ќе им се допаднат на сите, и мали и големи. Ако сте љубители на вкусот на пица, тогаш пробајте ги печените пирошки со пица фил или пак ако постите, ви ги препорачуваме вкусните посни пирошки од палачинки со фил од печурки.

пирошки од готови кори 2

Состојки:

  • 1 пакување (400-500 г) триаголни готови кори
  • 2 јајца
  • презла (лебни трошки) по потреба
  • масло по потреба.

За фил 1:

  • 200 г бело кравјо сирење или фета сирење.

За фил 2:

  • 200 г салама, кечап, оригано.

Подготовка:

  1. Во поголем длабок сад изматете ги двете јајца. Во чинија ставете ги лебните трошки.
  2. Ако го приготвувате првиот фил, изрендајте го белото кравјо сирење. Ако сирењето не е солено, во филот ставете сол по вкус.
  3. За вториот фил, изрендајте ја саламата. Во садот со саламата ставете кечап и додајте оригано по вкус. Добро измешајте ги. По желба може да ставите и малку сол.
  4. Во тава на оган, на средна температура ставете поголема количина на масло да се загрева. Маслото треба да ги покрива пирошките барем до половина.
  5. На поширокиот крај на корите ставете од филот. Краевите преклопете ги, а потоа завиткајте ги како ролат.
  6. Пирошките ставете ги во садот со јајцата, а потоа извалајте ги во лебните трошки.
  7. Пржете ги во добро загреано масло за време од 6-8 минути, од сите страни додека да заруменат.
  8. Пржените пирошки од готови кори извадете ги од маслото и ставете ги врз кујнска хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли во комбинација со кечап, јогурт или павлака.

Ви препорачуваме да прочитате: 17 избрани рецепти за солени стапчиња, грицки и бисквити.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: