Природна козметика: Чоколаден сјај за усни 1

Природна козметика: Чоколаден сјај за усни

Убавината може да има и вкус! Природната козметика поседува многу предности, овозможува сигурност во квалитетот и големо уживање во сопствениот производ.  Па, пробајте направете си сами чоколаден сјај за усни!

Не само што ќе ги заштите вашите усни во голема мера, туку и ќе имате можност да имате вкусни чоколадни усни кои вашиот партнер ќе ги обожава.  Потребни ви се само 20 минути.

Природна козметика: Чоколаден сјај за усни 2

Потребно:

  • 1 лажица вазелин
  • 20-30 гр темно чоколадо
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка рицинусово, бадемово, кососово или невеново масло.

Подготовка и начин на чување:

  1. Чоколадото ситно изрендајте го и стопете го на пареа.
  2. Во истопеното чоколадо додајте го вазелинот, па добро промешајте.
  3. Додајте ги и циметот и маслото во смесата. Повторно добро измешајте.
  4. Тргнете го садот од пареата и додека е смесата течна турете ја во соодветна кутија.
  5. Готовиот чоколаден сјај ставете го во фрижидер и оставете да се излади. Не треба да ве загрижува ако е премногу течен, штом се излади во фрижедерот, ќе се стегни.
  6. Нежно нанесете го на усните, а за кратко ќе почувствувате како ви ги измазнил усните.
  7. Сјајот чувајте го во фрижидер или на ладно и темно, затоа што тоа е мал недостаток на природната козметика, може да се расипе. Треба да знаете дека ова не значи дека не можете да го носите со себе, туку дека е добро штом се приберете дома да го вратите во фрижидер до наредната употреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашен крем против брчки и мозолчиња од 4 состојки.

Сподели: