Природна тинктура против главоболка 1

Природна тинктура против главоболка

Доколку ви е здосадено да пиете лекови секогаш кога ќе ве заболи главата, бидејќи ништо друго не ви помага, пробајте да си помогнете со оваа природна тинктура против главоболка.

Можеби не сте знаеле, но хризантемата е растение кое може да го искористите за да се ослободите од непријатните главоболки. Во комбинација со некои други лековити растенија таа е навистина делотворна, па направете ја оваа лековита тинктура и ослободете се од тегобите. Во продолжение споделуваме со вас два рецепти. Еден со суви, а еден со свежи билки. Пробајте ги и двата, па сами одлучете кој од нив повеќе ви одговара.

Природна тинктура против главоболка 2

Состојки:

За тинктура со свежи билки:

  • 75% алкохол
  • 90 г свежи билки (хризантема, маточина и нане)
  • стаклена тегла.

За тинктура со суви билки:

  • водка или бурбон со 40% алкохол
  • 45 г суви билки (маточина, пеперминт и хризантема)
  • стаклена тегла.

Начин на подготовка:

  1. Билките најпрво исечкајте ги, па додајте ги во стаклена тегла.
  2. Потоа прелијте ги со алкохол, така што нивото на алкохолот да достигне 5 см над нивото на билките.
  3. Теглата затворете ја и добро протресете ја. Оставете ја на темно и ладно место да стои неколку недели, а притоа повремено протресувајте ја содржината.
  4. Потоа процедете ја тинктурата низ стерилна газа и чувајте ја во темно и чисто шише на ладно место.

Начин на употреба:

  1. Кога ќе ги почуствувате првите знаци на главоболка земете ¼ лажица од вака подготвената тинктура, а потоа во истите количини продолжете да пиете на секои 20-30 минути.
  2. Со оваа тинктура може да правите и благи масажи на челото и слепоочниците.

Напомена: Тинктурата не се препорачува да ја употребуваат деца, трудници и доилки. Исто така, за некои видови на главоболка може да има помал ефект или воопшто да не делува.

Ви препорачуваме да прочитате: Експресен домашен лек против главоболка.

Сподели: