prirodni domasni caevi protiv kaslica 1

4 природни домашни чаеви против кашлица

Во преодните денови кога сезоните се менуваат и често пати сме изложени на променливо време, од сонце, до дожд и ветер, на секој од нас му е потребна помош за зачувување на имунитетот и поткрепување на организмот. За таа цел и да ви помогнеме тоа да го постигнете на што полесен начин, ви припремивме листа на проверени народни чаеви. А, многу наскоро ќе ви ги презентираме и природните сирупи, па ви најавуваме дека може да ги очекувате и нив. Еве кои природни домашни чаеви ги издвоивме за вас!

Може да ве интересира: Наместо антибиотици користете природни лекови за црвено грло.

prirodni domasni caevi protiv kaslica 2

Лековити чаеви од домашната аптека:

  1. Чај од печен шеќер и млеко кој помага при кашлица – Она што на сите нам ни треба во студените есенски и зимски денови, е силен имунитет со кој ќе се избориме против настинките кои демнат од сите страни. Но, многу често не успеваме да се одбраниме од нив. За среќа, постојат некои начини кои по природен пат ги лечат настинките, како што е и традиционалниот чај од печен шеќер и млеко.
  2. Лековит чај од ким како ефикасен лек против настинка и кашлица – Искористете го целиот лековит потенцијал на овој популарен зачин! Освен широката припрема во кулинарството, кимот заслужено има место и во многу природни лекови. Во овој случај, со многу едноставна постапка може да направите лековит чај од ким и лесно да се „спасите“ од тегобите кои ги носи променливото време без да посетувате аптека!
  3. Ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип – Супер комбинација од најмоќните природни лекови кои ќе ви помогнат при грип и настинка. Овој чај од ѓумбир, лимон, мед и други зачини може да ви помогне да останете хидрирани и да ја намалите болката во грлото за време на сезоната на грип и настинка.
  4. Чај од коприва против кашлица и слаба крвКопривата уште од антички времиња се користела како лековито растение. Витамините, танините, хлорофилот и солите на железо кои ги содржи природниот чај од коприва, го нормализираат метаболизмот на мастите во организмот, ја подобруваат крвната слика и дејствуваат благотворно на циркулацијата.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни сирупи кои помагаат при кашлица.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: