вагинални инфекции

Природни лекови за вагинални инфекции

Скоро и да не постои жена која не отишла на гинеколог поради вагинални инфекции. За жал, таквите појави се чести и мачни. Покрај чаевите и стандардните лекови, постојат и неколку природни решенија кои помагаат.

Вагинитис, вагиналните инфекции се проследени со чешање, пецкање, надразнетост на вагината и болки во пределот на долниот дел од стомакот. Може да дојде до промена на обемот и непријатен мирис на вагиналниот исцедок. Тоа се случува речиси кај сите жени (почесто кај оние жени што се сексуално активни) и е меѓу најчестите причини за посета на гинеколог.

Најчести три типа на вагинални инфекции се: бактериска вагиноза (нерамнотежа на вагиналните бактерии), вулвовагинална кандидијаза (раст и развој на габи) и трихомонијаза (под влијание на Trihomonas vaginalis).

Посетете гинеколог за да утврдите за каков вид на инфекција станува збор, бидејќи симптомите се прилично слични. Покрај препишаните лекови повеќето жени се навраќаат на увин чај и брусница, а ако тоа е габична инфекција постојат неколку начини преку кои може сами да си помогнете себеси. (За другите два типа на инфекции неопходна е стручна помош од доктор).

Чаеви против вагинални инфекции

Против чешањето и пецкањето ефикасен е чајот од рузмарин. Можете да го користите како средство за интимна нега (миење на интимните делови од телото) или само истапкајте на вагиналниот отвор. Можете и да го пиете – ставете 1 лажиче сув рузмарин во една шолја врела вода, оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Пијте 1 до 4 чаши дневно ако имате габична инфекција.

Брусницата е многу корисна во борба против инфекции на уринарните патишта (или мочниот меур), но и против габични инфекции. Во случај на габички се препорачува да пиете незасладен чист сок од брусница неколку пати на ден. Исто така, можете да консумирате таблети од брусница или сува брусница. Резултатите ќе бидат видливи за многу брзо време.

вагинални инфекции

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво има силни антифунгални својства. Нанесете на тампон неколку капки масло од чајно дрво и ставете го во вагината. Оставете да делува два до три часа. Оваа постапка можете да ја применувате два пати дневно.

На сличен начин делува и маслото од оригано. Можете да го нанесете површински, но подобро е да биде разредено со маслиново масло, или може да го консумирате орално во вид на капсула, два пати на ден. Со овај третман може да го решите проблемот со габичната инфекција за неколку недели.

Лук

Доколку имате габична инфекција на вагината, јадете лук. А може да направите и паста од исечкан лук, па да ја нанесете надворешно на инфицираниот дел. Можете да нанесете и смеса од масло, лук, витамин Е (капсула) и кокосово масло.

Киселина

Можете да користите обична бела или јаболкова киселина во топла купка. Во када со топла вода ставете 1 чаша чиста органска киселина и оставете да делува 20-тина минути, а потоа нежно избришете со крпа.

Невен

Ова растение исто така има анти-габични и анти-воспалителни својства. Изгмечете неколку листови невен (внимавајте да бидат чисти) и нанесете ги површински (да се избегнува во бременост).

Сподели: