Сладок посен колач со моркови 1

Сладок посен колач со моркови

Извонредно задоволство да се јаде и големо уживање за да се подготви! Овој сладок посен колач со моркови е одличен десерт за секое време од денот!

Ни доаѓа од кујната на Невена, а ако редовно ги следите нашите рецепти, сигурно знаете дека тоа е еден вид гаранција за одличен вкус! Израдувајте ги домашните, направете им нешто вкусно и навистина несекојдневно.

Сладок посен колач со моркови 2

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 90 гр нишесте
  • 170 гр шеќер
  • 400 гр рендани моркови
  • 60 гр дробени фстаци
  • 6 големи лажици вода
  • 100 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • рендана кора од лимон.

Подготовка:

  1. Во поголем длабок сад се ставаат сите состојки и се мешаат.
  2. Смесата се става во намрсен правоаголен калап (30х11) или обложен со пекарска хартија.
  3. Така припремено, се става да се печи во загреана рерна на 180 степени, за време од 45-50 минути.
  4. Откако убаво ќе се излади, се посипува со шеќер во прав и се сервира.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден колач со мед.

Сподели: