совети за засилување на имунитетот 1

Совети за засилување на имунитетот

Не постои човек на кого здравјето не му е важно, но постојат многубројни причини зошто често забораваме да го поставиме за приоритет. Модерниот начин на живеење од нас бара динамика, брзи одлуки, што само по себе нè носи во ситуации во кои наједноставниот избор е да посегнеме по брза храна и да заборавиме на сите одлуки за здрав живот. Затоа, прочитајте ги нашите совети за засилување на имунитетот.

Постои ли начин да ги внесеме на менито сите корисни хранливи материи, а тоа да биде квалитетно и да не ни одземе голема количина на време? – Секако дека постои. Една од потребните работи е да внесеме поголем ред во нашиот живот. Убаво планирање значи подобар резултат. Однапред подготвени оброци, планирање на витамините кои се внесуваат. Искористете го максимумот од овошјето и зеленчукот.

совети за засилување на имунитетот 2

Како да го направите идеалното смути  и кои продукти можат да ви помогнат да бидете поздрави и да внесете повеќе витамини и минерали? – Ова се неколку наши предлози:

За вашиот мозок

  • Семе од тиква – содржи киселини како Омега 3 и Омега 6 кои се смета дека се корисни за кардиоваскуларниот систем, не само за срцето, туку и за вените и мозокот.

За здраво срце

  • Јагоди – содржат многу манган кој има анти-инфламаторни особини кои помагаат срцето да се одржува здраво.
  • Црвено грозје – нивната јака боја доаѓа од флавоноидите кои се добри за вашето срце бидејќи превентираат оксидација и ги намалуваат шансите за згрутчување на крвта.
  • Банани – содржат потасиум кој помага за намалување на високиот крвен притисок.

За здрави коски и зглобови

  • Зелен чај – извор на соединенија наречени катехини кои превентираат распаѓање на колагенот и ‘рскавицата.
  • Семиња од мандарини – извор на анти-инфламаторни флавоноли кои можат да помогнат да се заштити оштетување на ‘рскавицата.

За здрава кожа

  • Спанаќ – полн со антиоксиданси, спанаќот е важен за одржување на нормален развој на кожните честички и здрав тон.
  • Авокадо – со високо ниво на витамин Е, авокадото може да помогне да ја заштитите кожа од оксидативно оштетување на клетките и овозможува одржување на здрава кожа.

За здрав, цеден сок ви се потребни:

  • 2 портокали
  • половина лимон
  • малку ѓумбир
  • 1 чаша вода

За вкусно смути одберете:

  • 1 целер
  • 1 морков
  • 1 јаболко
  • малку мед за посладок вкус
  • 1 чаша вода

На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 3 рецепти за смути – детокс, витаминско и имуно.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: