сува маринада за сите типови на месо

Сува маринада за сите видови на месо

Со помош на маринадите месото секогаш ќе биде вкусно, меко, сочно и ароматично. Денес ви претставуваме рецепт за сува маринада која може да се користи за сите видови на месо.

Постојат два вида на маринади, суви и течни, а разликата е во тоа што сувите маринади всушност претставуваат мешавина на зачини кои може да ги подготвите претходно. Течните маринади пак, содржат состојки како што е лимоновиот сок, мед, сенф и сл. За да може месото да ги поприми сите вкусови и мириси и од двете видови на маринади, потребно е истото да стои подолго време во нив. Предност кај сувите маринади е тоа што тие може да се припремат предвреме, па да се чуваат во чисти тегли и да се користат по потреба.

сува маринада за сите типови на месо

Потребни состојки:

  • ½ чаша кафеав шеќер по желба
  • 1 лажица црн пипер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица чили во прав
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажица кромид во прав
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица ким.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Сите состојки добро измешајте ги и складирајте ги во мала и чиста тегла.
  2. Вака подготвената маринада нанесете ја врз месото и оставете го да стои околу 30 минути пред подготовка, а за најдобар ефект може да се остави и преку ноќ.

Напомена: Оваа маринада претставува основна мешавина на зачини, а по желба во неа може да се додадат и други зачини по ваш вкус. Па така, доколку подготвувате маринада за пилешко месо во неа може да додадете малку ѓумбир во прав, за јагнешко додадете рузмарин, а свинското совршено одговара со лаворов лист или малку кора од портокал.

Ви препорачуваме да прочитате: Маринада за пилешко месо на Азиски начин.

Сподели: