подобра концентрација

Топ 5 намирници за подобра концентрација кај децата

Децата знаат да бидат пребирливи кога е во прашање изборот на намирници. Најчесто се одлучуваат за она што им е вкусно, отколку за храна што е здрава. Меѓутоа, колку и да не им се допаѓаат некои здрави намирници, и тие мора да бидат дел од исхраната на децата токму затоа што им се потребни за правилен раст и развој, како и за подобра концентрација.

Избравме топ 5 намирници кои се потребни на организмот, посебно за децата затоа што исто така овие намирници се добри и за подобра концентрација. Во продолжение прочитајте за што станува збор.

подобра концентрација

Интегрални житацири

Интергалните житарици се богати со витамините од Б комплексот. Б витамините се важни за развој на нервниот систем. Овие намирници содржат и материи кои создаваат енергија за мозокот, растителни влакна и антиоксиданси. Појадокот богат со интегрални житарици влијае на зголемување на вниманието и меморијата. Освен тоа, интегралните житарици помагаат во одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта. Затоа, во исхраната на децата почесто вметнувајте хељда, овес, ‘рж или киноа.

Риби и морски плодови

Морските риби се богати со омега 3 масни киселини кои се од голема важност за развој на мозокот. Го подоруваат помнењето при читање и концентрацијата. На детското мени нека има скуша, сардина, харинга или лосос барем еднаш неделно.

Јајца

Мозокот на децата најбрзо се развива во првите неколку години. Затоа, ако вашето дете не е алергично на јајца, веднаш штом почне да јаде цврста храна, во оброците вметнете им јајца. Јајцата се богати со витамин Б4 (холин), витамин А и железо. Холинот од јајцата има улога во формирање на нервните клетки.

Мешунки

Овие намирници се богати со протеини, витамини и минерали. Претставуваат вистински избор за оброк на децата, а содржат и омега 3 масни киселини. Со консумирање на мешунки, во телото се ослободува енергија која е потребна за концентрација.

Млечни производи

Млеко, јогурт, младо сирење и кефир се производи кои содржат калциум. А, калциумот е потребен за правилен развој на коските на децата. Освен калциум, млечните производи содржат и протеини и Б витамини.

Ви препорачуваме да прочитате: Редовен здрав појадок е клучен во секоја возраст, а посебно за децата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: