турска пица

Турска пица – пиде со месо

Дали сте пробале пиде или сте слушнале за овој познат турски специјалитет? Станува збор за вкусна „турска пица“ која се прави од тесто, пилешко или свинско месо и зеленчуци како домати, пиперки и кромид. Вкусот освојува уште на прв залак, па ако обожавате да експериментирате во кујната и да пробувате интернационални рецепти како нас, топло ви препорачуваме да направите пиде. За миг препуштете му се на ова вкусно патување на сите сетила!

Пиде е турски специјалитет сличен на пица кој се полни со најразлични филови. По облик многу потсетува на нашата пастрмајлија, бидејќи тестото се обликува во форма на чамче. Може да користите месо по ваша желба, а ние денес се одлучивме за рецепт со свинско месо. Исто така, ни се допадна и комбинацијата со пилешко месо која ја дегустиравме во ресторан.

турска пица

Состојки:

  • 400 г брашно
  • 200 мл топла вода
  • 4 г свеж квасец
  • прстофат сол и шеќер
  • 2-3 лажици маслиново масло.

За фил:

  • 400 г свинско месо од Агриа (или пилешко бело месо)
  • 1 кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • 100 мл пасирани домати
  • 100 мл вода или пилешки бујон
  • 1 свежа црвена пиперка
  • сол и црн пипер по вкус
  • оригано и свеж босилек по желба
  • 100 г кашкавал
  • сечкан свеж магдонос за поросување.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги брашното, солта и маслиновото масло. Во друг помал сад растопете го квасецот со малку млака вода и прстофат шеќер. Оставете го на топло додека нарасне, па додајте го во останатите состојки.
  2. Од вака подготвените состојки врз набрашнета работна површина замесете меко тесто. Тестото вратете го во садот, покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го да нарасне за време од 30 – 45 минути.
  3. Во меѓувреме подгответе го филот. Кромидот и лукот исчистете ги и ситно исечкајте ги. Во тава на загреано масло кратко запржете ги за да омекнат. Свинското месо исечкајте го на помали коцки, зачинете го со сол и црн пипер и додајте го во загреаната тава. Кратко запржете, па додајте ги пасираните домати и сечканата пиперка. На крај додајте ја водата или пилешкиот бујон, посолете и зачинете по вкус со оригано и босилек.
  4. Филот оставете го да се динстува на тивок оган околу 30 минути додека се згусти. Готовиот фил оставете го да се излади.
  5. Нараснатото тесто поделете го на 8 делови. Врз набрашнета работна маса, секој дел развлечете го во облик на чамче, а рабовите превиткајте ги од надвор кон внатре. По желба рабовите може да ги наполните со сирење или кашкавал.
  6. Во средината на секое пиде ставете од претходно подготвениот фил.
  7. Вака подготвените чамчиња печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 25 – 30 минути. Кон крајот на печењето, извадете ја тавата од рерната и врз секое пиде ставете рендан кашкавал. Продолжете со печењето додека кашкавалот се растопи.
  8. Печените турски пици – пиде поросете ги со сечкан свеж магдонос. Послужете ги додека се топли. На здравје!

Совет плус:

Како најдобри и најпознати по врвниот квалитет за свежо свинско месо, ви ги препорачуваме Агриа. Посетете ги нивните месарници ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Се прашувате зошто се наш избор? – Еве неколку корисни информации. Свежото свинско месо им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица, фабрика за производство на сточна храна и лесно достапни месарници. А имаме и добри вести. Агриа се дел од кампањата „Купувам домашно“, па картичките можете да ги користите во нивните месарници и скари на кило во Велес, Битола и Градско.

свинско месо

Да ги поддржиме македонските компании, да купуваме домашни производи и да правиме добри избори при набавката!

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско на егзотичен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: