Чувствувате ли пролетен замор? Победете го со правилна исхрана 1

Чувствувате ли пролетен замор? Победете го со правилна исхрана!

Иако човечкиот организам е доста приспособлив, доста тешко ги поднесува промените, посебно во пролет, па голем број луѓе чувствуваат пролетен замор.

Има многу причини кои доведуваат до состојба на пролетен замор, како што е физичка неподготвеност поради помало движење во зимскиот период, исцрпеност и пречувствителност, а исто така намалена отпорност на инфекции. Наталожувањето на штетни материи или токсини во телото за време на зимскиот период поради заборавање на важноста на детоксикацијата, а и помрсната и потешка храна во зимскиот период која допринела за некој килограм поголема телесна тежина. Ваквите последици се посебно изразени на луѓето кои забораваат да консумираат што поголеми количини на зеленчук и овошје кои се свежи за време на ладните зимски денови и кај луѓе кои се насочиле стриктно кон консумација на т.н зимска храна со препознатлив сезонски карактер, која е богата со белковини, масти и концентрирани јагленохидрати со многу повеќе енергија од дневните потреби и помало количество на витамини.

Чувствувате ли пролетен замор? Победете го со правилна исхрана 2

Ако сакаме да ги отстраниме штетните последици од неправилната зимска исхрана и да му овозможиме на организмот нормално да функционира, неопходно е негово прочистување и исфрлање на штетните материи што ќе го подобри имуниот систем и целокупниот тонус на телото. За да го постигнете тоа доволна е редуцирана и урамнотежена дневна исхрана која изобилува со свеж зеленчук, овошје и зголемена физичка активност. Потребно е целосно да се елиминираат концентрираните шеќери од исхраната, редовно да се консумира млеко и кисело-млечни диететски производи, како и умерена употреба на растителни масла за задоволување на потребите од масти.

Иако детоксикацијата на организмот може да се направи било кога без разлика на годишното време сепак пролетта се смета како идеална за тоа. За нашиот организам пролетта е годишно време идеално за регенерација и обновување па заради сето ова пролетта е погодна за чистење на организмот. Затоа ви предлагаме тука да прочитате убаво за детални препораки како најдобро да ја направите пролетната детоксикација на организмот и повторно да се чувствувате енергични, витални и раздвижени!

Ви предлагаме да прочитате повеќе за знаците на детоксикација на организмот, кои како што спомнавме се причина за замореност.

Сподели: