шпагети во сос од црвено вино

Шпагети во сос од црвено вино

Сме приготвувале тестенини во различни сосови, но никогаш не сме пробале шпагети во сос од црвено вино. Овој предлог ни доаѓа од Диана, која рецептот го објави на блогот Trydiani.

Станува збор за рецепт кој особено ќе им се допадне на љубителите на тестенини и црвено вино, декорирани со меко варено јајце.

шпагети во сос од вино

Состојки:

  • 3 чаши + ¼ чаша црвено вино
  • 3 чаши вода
  • 400 грама тестенини букатини (слични се на шпагетите, само се подебели и со дупка на средината) или шпагети
  • 2 до 3 лажици масло
  • 1 – 1 ½ лажица ситно сечкан лук
  • ½ мала лажичка црвена пипер по желба
  • 1 лажица ситно сечкан црвен кромид по желба
  • ¼ чаша сечкан магдонос
  • рендан пармезан.

За декорација:

  • 4 до 6 поширани јајца.

Подготовка:

  1. Во длабоко тенџере на оган се ставаат 3-те чаши вино и водата. Штом течноста зоврие, во тенџерето се ставаат букатините (шпагетите) да се варат. Во тенџерето се додава маслото, а температурата се намалува.
  2. Букатините се варат за време од 8 минути или како што е наведено на пакувањето. Од течноста во која се вареа тестените се одвојува ½ чаша, а потоа се цедат.
  3. Во големо тава, на умерена температура се ставаат 2 до 3 лажици масло да се загрее. Во тавата се додаваат лукот, кромидот и црвената пипер. Се запржуваат околу 1 минута.
  4. Во тавата се додава 1/3 чаша црвено вино и претходно издвоената течност во која се вареа тестетните . Се остава течноста да зоврие за време од 1 минута.
  5. Исцедените тестенини се ставаат во тавата со лукот и се мешаат додека целосно се покријат со сосот.
  6. Готовите шпагети во црвено вино се сервираат во чинии. Се наросуваат со ситно сечкан магдонос, малку сечкан кромид и рендан пармезан. Во секоја чинија се става по едно поширано јајца.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за лазања со сос од црвено вино и бешамел.

Сподели: