чаеви со листови од капина

2 чаеви со листови од капина против болно грло и детоксикација

Мали, вкусни и ароматични! Сезоната на капини само што започна. Капината е извонредно растение кое е се наоѓа во првите намирници на ORAC скалата, благодарение на моќните антиоксиданси кои ги содржи. Освен плодот, во народната медицина често се користат и листовите од капина за кои се верува дека помагаат при многу здравствени состојби. Во продолжение ви претставуваме два чаеви со листови од капина кои може да ги искористите при болка во грлото, афти и за прочистување на крвта.

Сега е сезоната на малите слатки капини, па навистина има многу причини зошто истите да се вклучат во секојдневната исхрана, но и да се искористат максимално за подготовка на разни џемови и мармалади. А вистинска штета би била да не се искористат и нивните лисја за подготовка на лековити чаеви. Па, наберете си додека има, исушете ги и збогатете ја својата билна аптека.

чаеви со листови од капина

Чај од листови од капина против болки во грлото и афти

Листовите од капина искористете ги за подготовка на чај кој ќе ви помогне при болки во грлото и афти. Можете да го пиете или пак да го употребите за гаргара доколку имате при болки во грлото и афти.

Состојки:  

  • 1,5 грама сушени листови од капина
  • 250 мл зовриена вода.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во чаша ставете ги сувите листови од капина и прелијте ги со 250 мл врела вода.
  2. Оставете го чајот да одстои десетина минути, па процедете го.
  3. Вака подготвениот чај пијте го три пати на ден по една чаша, помеѓу оброците.

Може да ве интересира: Капините може да превенираат и да го забават растот на карциномот.

Мешавина од билки за прочистување на крвта

Природата ни е на дланка. Да ги искористиме придобивките кои ни ги нуди. Ако сакате да направите детоксикација на организмот и да ја прочистите крвта, направете си мешавина од билки, а по потреба пригответе си чај.

Состојки:

  • 100 г листови од капина
  • 100 г листови од коприва
  • 50 г листови од бозел
  • 50 г листови од глуварче.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во сад помешајте ги сите листови. Вака приготвената мешавина ставете ја во сад со капак, чувајте ја на темно место и користете ја по потреба.
  2. Од чајната мешавина земете една лажица и прелијте ја со чаша врела вода.
  3. Оставете го чајот да отстои 10 минути, па процедете го.
  4. Пијте по 2-3 чаши чај на ден. Се препорачува првата чаша да ја испиете на гладно, а останатите распоредете ги преку целиот ден.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 придобивки кои ги прават капините домашна супер храна.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: